Фудбалска репрезентација на Австралија

Фудбалската репрезентација на Австралија ја претставува Австралија на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската федерација на Австралија. Таа е членка на Азиската фудбалска конфедерација (АФК) од 1 јануари 2006 година, додека претходно била членка на Фудбалската конфедерација на Океанија (ОФК).

 Австралија
Грб на фудбалскиот сојуз
СојузФудбалска федерација на Австралија
КонфедерацијаОФК (Океанија)
АФК (од 2006)
СелекторГреам Арнолд
КапитенМетју Рајан
Најмногу настапиМарк Шварцер (109)
Најдобар стрелецТим Кејхил (50)
Домашен стадионразни
ФИФА кодAUS
Домашни бои
Гостински бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално38 (6 октомври 2022)
Највисок14 (септември 2009)
Најнизок102 (ноември 2014)
Прв меѓународен натпревар
Нов Зеланд  3–1  Австралија
(Нов Зеланд; 17 јуни 1922)
Најголема победа
Австралија  31–0  Американска Самоа
(Австралија; 11 април 2001)
Најлош пораз
Австралија  0–8  Јужна Африка
(Австралија; 17 септември 1955)
Светско првенство
Учества6 (првпат во 1974)
Најдобар резултатосминафинале 2006, 2022
Азиски куп
Учества4
Најдобар резултатПобедник, 2015
Куп на Океанија
Учества6 (Прво во1980)
Најдобар резултатПобедник, 1980, 1996, 2000, 2004

Австралија е, до денес единствената репрезентација, која освоила континетална титула на две различни конфедерации, освојувајќи го Купот на Океанија четири пати помеѓу 1980 и 2004 година, како и АФК Азискиот куп во 2015 година на домашен терен. Исто така, таа е единствената репрезентација во светот што претставувала две различни конфедерации (АФК и ОФК) на светското фудбалско првенство, на кое учествувала во 6 досегашни изданија (првпат во 1974), достигнувајќи како најдобар резултат, до осминафиналето во 2006 и 2022 година. На Купот на конфедерации, репрезентацијата учествувала во 1997, 2001, 2005 и 2017 година, стигајќи до второто место како најдобар резултат во нивното прво учество, во 1997 година, кога во финалето загубиле од Бразил.

Играчите и навивачите на австралиската репрезентација го носат прекарот Socceroos, термин кој дошол со спојување на зборовите soccer (на македонски фудбал) и kangaroos (на македонски кенгур).

На светската ранг-листа на ФИФА, формирана во август 1993 година, Австралија може да се пофали со 21. место како најдобар пласман во јули 2009 година, додека најлошиот пласман и бил 102. место во ноември 2014 година.

Историја уреди

Австралиската репрезентација ги одиграла своите први натпревари на турнејата во Нов Зеланд во 1922 година, при што забележала два порази и едно реми. Во текот на следните 25 години, Австралија, Нов Зеланд, Кина и Јужна Африка имале можност да играат меѓу себе многу пати во пријателски натпревари. Како што се намалувале трошоците за авионски патувања, Австралија можела да ја прошири својата листа на противници, иако нејзината географска изолација ќе продолжи да игра улога уште долго време.

Први обиди за пласман на Светското првенство уреди

Репрезентацијата успеала да се квалификува за светско првенство за првпат на изданието во 1974. По 32 години неуспешни обиди, тие повторно успеале во 2005 година, квалификувајќи се на првенството преку плејофот против Уругвај во квалификациите за Светското првенство 2006. Овие потешкотии за Австралија се должеле и на она што било предвидено со прописите на ФИФА, според кои тие требало да одиграат долга серија натпревари за да се обидат да изборат квалификација за Светското првенство.

Непријатни противници уреди

Првиот обид на Австралија да се квалификува за некое Светско првенство датира од 1965 година, во пресрет на мундијалот во Англија 1966. Претходната година, поради одлуката на ФИФА ​​да додели места на репрезентации кои не се европски и не се од Јужна Америка, Австралија требало да игра во плејофот против Северна Кореја, но, бидејќи Северна Кореја дотогаш била политички ентитет кој не бил признат од многу нации, вклучително и Англија, натпреварот се играл на неутрален терен во Камбоџа и во тој двомеч Севернокорејците биле доминантни: победиле со 6-1 на 21 ноември 1965 година и 3-1 три дена подоцна.[1]

Последователните квалификации за Светските првенства во 1970, 1978, 1982 и 1986, Австралија играла натпревари против политички изолирани нации (т.е. неврзани земји). Противници, меѓу другите, биле Ирска (географски најблиските арапски нации одбиле да играат), Тајван (кој не бил официјално признат од Кина), Иран (земја во која штотуку имало револуција), и Нов Зеланд. Во секој случај, победникот на овие „прелиминарни турнири“ секогаш морал потоа да се соочи со една или две посилни репрезентации во плејофот, кои доаѓале од Европа или од Јужна Америка.

Протестите на Австралиската фудбалска федерација и обидите за приклучување кон Азиската конфедерација биле одбиени, но квалификацискиот пат бил поедноставен за првенството во Италија 1990, издание на Светското првенство во кое ОФК имале едно место директно во плејофот.

Обиди да се квалификуваат на Светско првенство (1994–2005) уреди

Патот на Австралија до САД 1994 бил уште еден пример за тешкиот пат во квалификациите низ кој морала да мине репрезентација од Фудбалската конфедерација на Океанија. За да се пласира на Светското првенство, Австралија морала да помине низ три круга на квалификации, од кои првиот била групата во ОФК квалификациите. Австралија завршила на првото место во групата 1, победувајќи на четири натпревари против Тахити и Соломонски Острови, постигнувајќи 13 гола. Потоа играле против Нов Зеланд во плејофот на групата Океанија: првиот натпревар се одиграл во Нов Зеланд на 30 мај 1993 година и завршил со резултат 1-0 за Австралија, која го повторила успехот и славела со 3-0 и во реваншот, за да мине понатаму со вкупен резултат 4-0. Откако победила во плејофот со Нов Зеланд, Австралија морала да игра двомеч против Канада, второпласираната репрезентација во третата рунда од КОНКАКАФ зоната на квалификациите. Првиот натпревар бил одигран во Канада на 31 јули 1993 година и завршил со победа на Канада од 2-1, додека во реваншот, одигран во Сиднеј на 15 август, Австралија победила со истиот резултатат, со што го однела натпреварот во продолженија, а таму резултатот не се сменил. Така, се стигнало до пенал-рулетот, во кој повеќе концентрација имале фудбалерите на Австралија победувајќи со резултат 4-1. Со победата во двомечот со Канада, репрезентацијата на Австралија се квалификувала за плејофот против петтопласираната репрезентација од КОНМЕБОЛ зоната, а тоа бил поранешниот Светски шампион Аргентина. Првиот натпревар, одигран во Сиднеј на 31 октомври 1993 година, завршил 1-1, додека реваншот одигран на 17 ноември, го добила Аргентина со 1-0, која на тој начин успеала да избори пласман на Светското првенство 1994 во САД.

 
Франк Фарина, на чело на австралиската репрезентација од 1999 до 2005

Во ноември 1997 година, по победата во квалификациската група на Океанија, Австралија се соочила со Иран во два натпревари, од кои победникот ќе заработи место на завршницата од Светското првенство 1998 во Франција. Австралија, предводена од познатиот англиски тренер Тери Венејблс, повела со 1-0 во првиот натпревар игран во Техеран, меѓутоа пред крајот на првото полувреме Иран успеал да изедначи на 1-1. Тоа воедно бил и конечен резултат на натпреварот, оставајќи впечаток дека Австралија стекнала предност пред реваншот на домашен терен кој требало да го одреди патникот на Мундиајлот во Франција. Како и да е, во возвратниот натпревар одигран во Мелбурн, Иран успеал да дојде до изедначување на резултатот на 2-2 во последните минути од натпреварот со голот на Ходадад Азизи и со тоа успеале да ја минат рундата, одлучувачка за квалификување на Светското првенство 1998, благодарение на правилото за гол во гости.

И покрај неуспехот, Австралија била во можност да се искупи веќе истата година, играјќи го изданието во 1997 година на Купот на конфедерации како победник на Купот на Океанија 1996: таму го победиле Мексико со 3-1 и одиграле нерешено 0-0 против Бразил, тогашниот актуелен светски шампион. Откако успеале да ја минат групата како вторпласирани (и покрај поразот со 1-0 од Саудиска Арабија), во полуфиналето се сретнале со Уругвај. Натпреварот со јужноамериканците завршил без голови, 0-0 по регуларното време, по што Хари Кјуел бил автор на златниот гол за победа на Австралија. Во финалето против Бразил, репрезентацијата на Австралија претрпела тежок пораз од 6-0, но и покрај тоа тие останале забележани како првиот и досега единствен претставник на ОФК конфедерацијата којшто го освоил второто место на Купот на конфедерации.

Во 2001 година Австралија, и покрај тоа што немала можност да игра со најсилната постава и стандардните репрезентативци, сепак ја освоила квалификациската група на океанската конфедерација со леснотија. Меѓу резултатите за помнење, можеме да се сетиме на еден натпревар добиен со резултат 22-0 против Тонга, како и на оној добиен со рекорден резултат од 31-0 против Американска Самоа.[2] И покрај недостатокот на двајца основни играчи, Хари Кјуел и Марк Видука, Австралија успеала да победи во баражот на ОФК зоната против Нов Зеланд. Така, за да се пласираат на Светското првенство 2002, тие пристапиле во последната квалификациска фаза каде се соочиле со последната пречка, репрезентацијата на Уругвај, петтопласираната во јужноамериканските квалификации. Во првиот натпревар во Мелбурн, Австралија победила со 1-0 со голот на Кевин Мускат од пенал, но тоа не било доволно да се квалификува за Светското првенство бидејќи во реваншот во Монтевидео загубиле со убедливи 3-0.

По ова Светско првенство, ФИФА ​​одлучила, за пласман на завршницата на турнирот, првопласираната репрезентација од квалификациите на Океанија повеќе да немора да игра плејоф со петтиот од јужноамериканската група. Меѓутоа, неколку месеци подоцна, највисокиот фудбалски орган ја отповикал својата одлука и со тоа предизвикале многу контроверзии, меѓудругото исто така и поради притисокот што го извршила јужноамериканската федерација, КОНМЕБОЛ, која што всушност се покажала многу задоволна од тоа.

И покрај разочарувачките резултати постигнати во квалификациите за Светското првенство, Австралија успеала да го покаже својот квалитет, преку пријателските или други натпревари, остварувајќи добри резултати против силните европски и јужноамерикански екипи. На Купот на конфедерации 2001, Австралија го победила Мексико со 2-0, а со голот на Клејтон Зејн ја совладала и Франција со 1-0, за потоа само заради поразот со 1-0 од Јужна Кореја да ја мине групата како втора, и да биде елиминирана во полуфиналето од Јапонија со 1-0, но ја освоиле бронзата во една симболична одмазда против Бразил со победата од 1-0 со голот на Шон Марфи. Австралија, исто така, одиграла нерешено со Франција 1-1 во Мелбурн во ноември 2001 година, додека во 2003 година победила со 3-1 во Лондон во пријателски натпревар против Англија.

Во 2004 година, Австралија за последен пат учествувала на Купот на Океанија и ја освоила својата четврта и последна титула. Во финалето тие го совладале изненадувањето репрезентацијата на Соломонски Острови, која успеала да ја заврши групата пред Нов Зеланд, со убедливи 5-1 во првиот натпревар во Хонијара, додека во реваншот било 6-0 за Сокеросите.

Приклучување на Азиската фудбалска конфедерација (АФК) уреди

Купот на Океанија во 2004 година бил последен што го играла Австралија. Многу коментатори и навивачи сметале дека единствен начин да се подобри квалитетот на австралиската селекција е да ја напуштат Фудбалската конфедерација на Океанија. Фудбалот во Австралија се развивал со зголемен акцент на официјалните натпреварувања наместо на пријателските натпревари. Всушност, континенталните првенства и нивните квалификации биле главниот извор на официјални натпревари за националните тимови. Учеството во конфедерација во која учествувале поважни екипи од скромните океански репрезентации служело за да се навикне Австралија да се соочува со противници со поголема техничка длабочина и тоа било фундаментално за растот на репрезентацијата.

Џони Ворен, угледен фудбалски радиодифузер и поранешен капитен на Австралија, ја истакнал желбата на Австралија да се приклучи на азиската фудбалска конфедерација, АФК. Иако претходните обиди да се приклучат на оваа конфедерација отсекогаш биле неуспешни, во март 2005 година, протекла информација од Токио дека ФФА е во тајни преговори со АФК за ова прашање за конечно на 23 март извршниот комитет на АФК да донесе едногласна одлука и да ја покани Австралија да се приклучи на конфедерацијата.

Претседателот на АФК, Мохамед Бин Хамам, ги искажал причините за одлуката со овие зборови:

„„Покрај тоа што е развиена фудбалска нација, Австралија има развиена економија која исто така сакаме да ја изразиме во фудбалот. Покрај Јапонија, Јужна Кореја, Кина и Саудиска Арабија доколку Австралија ни се придружи, придобивките ќе бидат огромни“.”

 
Дуел меѓу Австралија и Германија на Купот на конфедерации 2005

На 17 април 2005 година, извршниот комитет на ОФК едногласно го поддржал предложениот трансфер на Австралија, кој ФИФА го одобрила на 30 јуни 2005 година, со цел да стане ефективен на 1 јануари 2006 година. Затоа Австралија учествувала во квалификациите за Азискиот куп 2007 година, започнати во февруари 2006 година. Сместена во групата Д од квалификациите за Азискиот куп 2007 заедно со Бахреин, Либан и Кувајт, Австралија го направила своето деби на 22 февруари 2006 година, победувајќи го Бахреин со 3-1, во првиот натпревар официјално како член на Азиската фудбалска конфедерација.

Куп на конфедерации 2005 уреди

Во јуни 2005 година, Австралија учествувала, како шампион на Океанија, на Купот на конфедерации 2005. За Австралијците, во нивниот трет настап во натпреварувањето, турнирот одржан во Германија бил негативен: репрезентацијата собрала три последователни порази, од Германија (4-3), Аргентина (2-4) и Тунис (0-2), завршувајќи го своето патување во групата на последното место во поредокот. Како резултат на ова, на 29 јуни 2005 година, селекторот Франк Фарина и федерацијата меѓусебно ја прекинале соработката поради зголемените критики.[3].

Светско првенство 2006 уреди

 
Марк Видука во дресот на австралиската репрезентација, играјќи против Уругвај за време на интерконтиненталниот плејоф за Светското првенство 2006.
 
Гус Хидинк, селектор на Австралија од јули 2005 до јуни 2006.

На 22 јули 2005 година, ФФА објавила дека новиот селектор на Австралија ќе биде Гус Хидинк, по многуте шпекулации во австралиските медиуми за потенцијални кандидати и по предвремено соопштение од самиот Хидинк, кој ќе ја комбинира улогата на тренер на ПСВ со онаа на селектор на австралиската репрезентација. Хидинк останал на клупата на Сокеросите до крајот на Светското првенство 2006.

Хидинк го направил своето деби на 3 септември 2005 година на Стадионот во Сиднеј, каде Австралија ги победила Соломонските Острови со 7-0 во првиот натпревар од баражот за место во меѓузонскиот плејоф против петтопласираниот во КОНМЕБОЛ квалификациите. Австралија, исто така, победила и во реваншот со 1-2 во Хонијара на 6 септември, закажувајќи нова пресметка со Уругвај во интерконтиненталниот плејоф за едно од последните места на Мундијалот во Германија 2006.

Австралиската репрезентација, тогаш рангирана на 49-тото место на ранг-листата на ФИФА, отпатувала за Уругвај за да игра го одигра плејофот против оваа репрезентација, која завршила на петтото место во КОНМЕБОЛ квалификациите и во тој момент се наоѓала на 18-тото место на ранг-листата на ФИФА. Како и во 2001 година, ниту овој интерконтинентален плејоф со Уругвај не поминал без контроверзии. Стравувајќи од повторување на настаните од Монтевидео од 2001 година, Австралија објавиле дека ќе тренираат во Буенос Аирес, Аргентина и дека ќе патуваат во Монтевидео само за да го одиграат натпреварот. Уругвај побарал првиот натпревар да се одигра еден ден порано, на 11 ноември. Ова барање било одбиено од Австралија. Затоа, Уругвај објавиле дека почетокот е поместен за пет часа, поставувајќи го времето на почеток во 21 часот по локално време на 12 ноември. Во исто време, ова би значело дека Австралија би го загубила директниот лет назад за Сиднеј во пресрет на реваншот, со што Уругвај би имал можност да има уште еден ден повеќе за подготовки за подобро да се подготват за возвратниот натпреварот против Австралија. ФИФА интервенирала за да се реши проблемот, наредувајќи времето на почеток да биде во 18 часот по локално време како еден вид на компромис.

Благодарение на голот на Дарио Родригес, Уругвај го добил првиот натпревар со 1-0 на Естадио Сентенарио во Монтевидео на 12 ноември 2005 година пред 55.000 гледачи. Реваншот се одиграл во Сиднеј на 16 ноември пред публика од 82.698 луѓе на Стадион Австралија. Првите 90 минути од натпреварот завршиле со резултат 1-0 за Австралија благодарение на голот на Марк Брешано во првото полувреме, по што се играле продолженија, со оглед на тоа дека вкупниот резултат од двата натпревари бил нерешен (1-1). Бидејќи резултатот во дополнителните 30 минути останал непроменет, плејофот стигнал до изведување пенали, каде што Сокерос победиле со резултат 4-2, со што се пласирале на Светското првенство 2006 во Германија. Решавачки биле голманот Марк Шварцер, кој успеал да одбрани два пенали на уругвајците и Џон Алоизи, авторот на решавачкиот гол од белата точка. Победата била дочекана со огромни овации ширум земјата за пласманот на Светското првенство што им недостасуваше цели 32 години.

Австралија, која учествувала на Светското првенство 2006 како претпоследна на рангирањето на ФИФА меѓу учесниците кои избориле квалификација за турнирот, одиграла пријателски натпревари против Хрватска, Грција и Холандија за да се подготви за турнирот. Многу фактори го довеле тимот на врвно ниво: тактиката и големото искуство на тренерот Гус Хидинк, одличната физичка и психичка подготовка.

Во германските граници, Сокероосите дебитирале на 12 јуни во Кајзерслаутерн против Јапонија. Со три гола во последните седум минути од натпреварот, два на Тим Кејхил и еден на Џон Алоизи (двајцата влегле како замени од клупата по паузата), австралијците го свртеле во своја корист првиот натпревар на турнирот и победиле со 3-1 против Јапонија, која повела со голот Шунсуке Накамура, остварувајќи ја на тој начин првата историска победа на завршницата на едно Светско првенство. Вториот натпревар, на 18 јуни во Минхен, ја однел Австралија на мегдан против актуелните светски шампиони Бразил. И покрај позитивниот резултат 0-0 на полувремето, бразилците успеале да победат со 2-0, постигнувајќи го вториот гол дури во 90-тата минута. Оттука, решавачкиот предизвик за минување во следната рунда бил оној на 22 јуни против Хрватска во Штутгарт. Ремито 2-2, постигнато на тој начин што Австралија двапати заостанувала зад хрватите (со голови на Крег Мур од пенал и на Хари Кјуел) им овозможило на Сокерос да ја минат, за прв пат во својата историја, групната фаза, како второпласирани зад Бразил. На 26 јуни, во Кајзерслаутерн, Австралија, без повредениот Кјуел, била елиминирана од Италија, останата со десет играчи по исклучувањето на Марко Матераци, која ја победила Австралија со 1-0 со контроверзно досуден пенал кој во 93-тата минута бил реализиран од Франческо Тоти.

И покрај болната елиминација, резултатот на австралиската репрезентација на Светското првенство во Германија сепак бил многу задоволителен со оглед на тоа што селекцијата го имала само второто учество во натпреварување од ваков тип. Хидинк донел „тотален“ холандски фудбал во Австралија, со брзо темпо, многу движење, висок пресинг и многу други елементи. Сепак, како што се очекувало извесно време, тој ја напуштил клупата по крајот на Светското првенство за да го презеде кормилото на Русија и неговото место го зазел Греам Арнолд, кој останал на функцијата привремено во очекување на назначувањето на новиот селектор.

Континентални успеси уреди

 
Пим Вербек, селектор на Австралија од 2007 до 2010

На 16 август 2006 година, Австралија се квалификувала за Азискиот куп 2007 победувајќи го Кувајт со 2-0. Предводен од Греам Арнолд, националниот тим, во кои биле вклучени и 15 ветерани од Германија 2006, учествувал во групата А на Азискиот куп, заедно со Тајланд, Оман и Ирак. По тешкото реми (1-1) во нивното деби против Оман, изборено благодарение на голот во 92-рата минута на резервистот Тим Кејхил, следел пораз од 3-1 од победникот на тоа издание на купот - Ирак (единствениот австралиски гол во тој натпревар, за привремено израмнување, бил дело на Марк Видука). Во третиот натпревар од групната фаза, Австралија го совладала Тајланд со 4-0, една од земјите домаќини (по два гола на Мајкл Бошамп и Хари Кјуел), со што се пласирала во четвртфиналето, каде што биле елиминирани од Јапонија, со 4-3 на пенали (0-0 по продолженија). Грешките во ударите од единаесет метри на Хари Кјуел и Лукас Нил биле фатални.

На 11 септември 2007 година, на Мелбурн Крикет Граунд, Австралија била поразена со 1-0 во пријателски натпревар од Аргентина. Тоа бил последниот натпревар на клупата за тренерот Греам Арнолд, кој првично требало да биде заменет со холанѓанецот Дик Адвокат, кој сепак отстапил, и покрај веќе потпишаниот договор со Фудбалската асоцијација на Австралија. За пријателскиот натпревар против Нигерија на Лофтус Роуд, тој бил заменет од Роб Баан, кој го предводел тимот до победа (1-0).

На 6 декември 2007 година, Фудбалската асоцијација на Австралија го назначила холанѓанецот Пим Вербек за нов селектор на репрезентацијата.

Во февруари 2009 година, започнале АФК квалификациите за Светското првенство 2010. Австралија, сместена во група со Катар, Ирак и Кина, наречена од медиумите „група на смртта“, го направила своето деби со победа од 3-0 против Катар на Доклендс во Мелбурн, на првата официјална средба под водството на Вербек. Една недела подоцна, репрезентацијата скокнала на 38. место на ранг-листата на ФИФА. По натпреварот без голови на гости против Кина (Марк Шварцер го одбранил пеналот на противникот во последните минути од натпреварот), на 1 јуни 2009 година тие го победиле Ирак со 1-0 на Стадионот во Бризбејн (гол на Хари Кјуел). Во вториот натпревар против Ирак, одигран во Дубаи, се радувале играчите на репрезентацијата од Блискиот Исток (1-0 за Ирак со голот на Емад Мохамед). На 14 јуни, во Доха, „Сокерос“ го победиле Катар со 3-1 и со тоа се квалификувале на своето трето Светско првенство. Откако ја исполниле целта, тие загубиле со 1-0 на домашен терен од Кина.

Во Мундијалот 2010 во Јужна Африка, репрезентацијата на Австралија се паднала во групата Д заедно со Србија, Гана и Германија. Веќе на почетокот на светското првенство целта бил да се мине групната фаза како во 2006 година, но постигнувањето на оваа цел било потешко отколку на претходниот светски шампионат. Во своето деби Австралија претрпела „чистка“ со 4-0 од Германија. Во нивниот втор натпревар против Гана, тие повеле со голот на Брет Холман, но африканците израмниле со гол од пенал. Поголем дел од тој натпревар австралијците одиграле со 10 играчи поради исклучувањето на Хари Кјуел. Ситуацијата била во корист на Гана, но во последното коло тие биле во негатива против Германија, додека на другиот натпревар Австралија, агресивна, најпрво повела преку Тим Кејхил, а потоа веднаш и ја удвоила предноста со голот на Холман. Еден гол и бил доволен на Австралија да се квалификува во следната фаза, но токму во последните минути Србија постигнала гол за намалување на 2-1 со кој им ги отсекла крилата на Океанците. Австралија била елиминирана откако завршила на третото ниво со ист број бодови со Гана, која имала подобра гол-разлика.

Настапи на турнирите уреди

Настапи на Светските првенства уреди

Светско првенство Квалификации за Светско првенство
Година Рунда Позиција Рунда П Н И ДГ ПГ Состави ОН П Н И ДГ ПГ
  1930 Не учествувале Не учествувале
  1934
  1938
  1950
  1954
  1958
  1962
  1966 Не се квалификувале Плејоф 2 0 0 2 2 9
  1970 Плејоф 9 3 5 1 12 8
  1974 Групна фаза 14-ти 3 0 1 2 0 5 Состав Квалификувани 11 5 5 1 21 10
  1978 Не се квалификувале 4-ти 12 6 2 4 20 11
  1982 2-ри 8 4 2 2 22 9
  1986 Плејоф 8 4 3 1 20 4
  1990 2. рунда 6 2 2 2 11 7
  1994 Плејоф 10 7 1 2 21 7
  1998 Плејоф 8 6 2 0 34 5
    2002 Плејоф 8 7 0 1 73 4
  2006 Осминафинале 16-ти 4 1 1 2 5 6 Состав Квалификувани 9 7 1 1 31 5
  2010 Групна фаза 21-ви 3 1 1 1 3 6 Состав Квалификувани 14 9 3 2 19 4
  2014 Групна фаза 30-ти 3 0 0 3 3 9 Состав Квалификувани 14 8 4 2 25 12
  2018 Групна фаза 30-ти 3 0 1 2 2 5 Состав Квалификувани 22 14 6 2 51 18
  2022 Осминафинале 11-ти 4 2 0 2 4 6 Состав Квалификувани 20 13 4 3 45 12
      2026 Ќе учествуваат во квалификациите Ќе учествуваат во квалификациите
Вкупно 0 титули 6/22 20 4 4 12 17 37 161 95 40 26 407 125
*Нерешените резултати се вклучени во нокаут натпреварите ако се решени по изведување пенали.
  • Од 1966 до 2006 учествувале како членка на ОФК
  • Од 2010 учествуваат како членка на АФК

Куп на конфедерации уреди

Куп на конфедерации
Година Резултат Позиција ОН П Н И ДГ ПГ
  1992 Немало претставници на ОФК
  1995
  1997 Финалист 2-ри 5 2 1 2 4 8
  1999 Не се квалификувале
    2001 Трето место 3-ри 5 3 0 2 4 2
  2003 Не се квалификувани
  2005 Групна фаза 8-ми 3 0 0 3 5 10
  2009 Не се квалификувале
  2013
  2017 Групна фаза 6-ти 3 0 2 1 4 5
Вкупно 4/10 0 титули 16 5 3 8 17 25

АФК Азиски куп уреди

АФК Азиски куп Квалификации за АФК Азиски куп
Година Рунда Позиција ОН П Н И ДГ ПГ ОН П Н И ДГ ПГ
1956–2004 Не била членка на АФК
        2007 Четвртфинале 7-ми 4 1 2 1 7 5 4 3 0 1 7 3
  2011 Финалист 2-ри 6 4 1 1 13 2 6 3 2 1 6 4
  2015 Шамиони 1-ви 6 5 0 1 14 3 Се квалификувале како домаќини
  2019 Четвртфинале 7-ми 5 2 1 2 6 4 8 7 0 1 29 4
  2023 Се квалификувале 8 8 0 0 28 2
Вкупно 1 титула 5/18 21 12 4 5 40 14 26 21 2 3 70 13
     Шампиони       Финалист       Трето место/полуфиналист  

ОФК куп на нации уреди

Куп на Океанија
Година Резултат Позиција ОН П Н И ДГ ПГ
  1973 Не учествувале
  1980 Шампиони 1-ви 4 4 0 0 24 4
1996 Шампиони 1-ви 4 3 1 0 14 0
  1998 Финалист 2-ри 4 3 0 1 23 3
  2000 Шампиони 1-ви 4 4 0 0 26 0
  2002 Финалист 2-ри 5 4 0 1 23 2
  2004 Шампиони 1-ви 7 6 1 0 32 4
2008–денес Не бил членка на ОФК
Вкупно 4 титули 6/10 28 24 2 2 142 13

Титули уреди

2015
1980, 1996, 2000, 2004

Играчи уреди

Моментален состав уреди

Следниве играчи биле избрани да ја претставуваат Австралија на Светското првенство 2022.[4][5]

Бр. Поз. Играч Год. Настапи Голови Клуб
1 ГМ Рајан, МетјуМетју Рајан   8 април 1992(1992-04-08)(32 г.) 79 0     Копенхаген
12 ГМ Редмејн, ЕндрјуЕндрју Редмејн 13 јануари 1989(1989-01-13)(35 г.) 4 0     ФК Сиднеј
18 ГМ Вуковиќ, ДаниДани Вуковиќ 27 март 1985(1985-03-27)(39 г.) 4 0     Сентрал Коуст Маринерс
2 ОД Дегенек, МилошМилош Дегенек 28 април 1994(1994-04-28)(29 г.) 42 1     Колумбус Кру
3 ОД Аткинсон, НатаниелНатаниел Аткинсон 13 јуни 1999(1999-06-13)(24 г.) 6 0     Хартс
4 ОД Роулс, КајКај Роулс 24 јуни 1998(1998-06-24)(25 г.) 7 0     Хартс
5 ОД Карачиќ, ФранФран Карачиќ 12 мај 1996(1996-05-12)(27 г.) 13 1     Бреша
8 ОД Рајт, БејлиБејли Рајт 28 јули 1992(1992-07-28)(31 г.) 28 2     Сандерленд
16 ОД Бехич, АзизАзиз Бехич 16 декември 1990(1990-12-16)(33 г.) 57 2     Данди Јунајтед
19 ОД Сутар, ХариХари Сутар 22 октомври 1998(1998-10-22)(25 г.) 14 6     Стоук Сити
20 ОД Денг, ТомасТомас Денг 20 март 1997(1997-03-20)(27 г.) 2 0     Албирекс Нигата
24 ОД Кинг, ЏоелЏоел Кинг 30 октомври 2000(2000-10-30)(23 г.) 4 0     Оденсе
10 СР Хрустиќ, АјдинАјдин Хрустиќ 5 јули 1996(1996-07-05)(27 г.) 23 3     Верона
13 СР Мој, АронАрон Мој 15 септември 1990(1990-09-15)(33 г.) 57 7     Селтик
14 СР МекГри, РајлиРајли МекГри 2 ноември 1998(1998-11-02)(25 г.) 15 1     Мидлсбро
17 СР Девлин, КамеронКамерон Девлин 7 јуни 1998(1998-06-07)(25 г.) 1 0     Хартс
22 СР Ирвајн, ЏексонЏексон Ирвајн 7 март 1993(1993-03-07)(31 г.) 53 7     Ст. Паули
26 СР Бакус, КиануКиану Бакус 7 јуни 1998(1998-06-07)(25 г.) 5 0     Ст. Мирен
6 НП Тилио, МаркоМарко Тилио 23 август 2001(2001-08-23)(22 г.) 5 0     Мелбурн Сити
7 НП Леки, МетјуМетју Леки 4 февруари 1991(1991-02-04)(33 г.) 77 14     Мелбурн Сити
9 НП Мекларен, ЏејмиЏејми Мекларен 29 јули 1993(1993-07-29)(30 г.) 29 8     Мелбурн Сити
11 НП Мабил, АверАвер Мабил 15 септември 1995(1995-09-15)(28 г.) 31 8     Кадис
15 НП Дјук, МичелМичел Дјук 18 јануари 1991(1991-01-18)(33 г.) 25 9     Фаџано Окајама
21 НП Куол, ГарангГаранг Куол 15 септември 2004(2004-09-15)(19 г.) 3 0     Сентрал Коуст Маринерс
23 НП Гудвин, КрегКрег Гудвин 16 декември 1991(1991-12-16)(32 г.) 14 2     Аделаида Јунајтед
25 НП Камингс, ЏејсонЏејсон Камингс 1 август 1995(1995-08-01)(28 г.) 2 1     Сентрал Коуст Маринерс

Индивидуални рекорди уреди

Рекордерот по бројот на настапи за Австралија, со 109 одиграни натпревари, е голманот Марк Шварцер, меѓу другото, и првиот играч кој ја поминал пресвртницата од 100 репрезентативни натпревари.

Тим Кејхил го држи рекордот на листата на стрелците со 50 постигнати голови, следен од Демијан Мори и Арчи Томпсон.

Ажурирано на 13 јуни 2022.

Играчи со најмногу настапи уреди

 
Голманот Марк Шверцер рекордер по бројот на настапи за австралиската репрезентација
Поз. Играч Настапи Голови Период
1 Марк Шварцер 109 0 1993-2013
2 Тим Кејхил 108 50 2004-2018
3 Лукас Нил 96 1 1996-2013
4 Брет Емертон 95 20 1998-2012
5 Алекс Тобин 87 2 1988-1998
6 Пол Вејд 84 10 1986-1996
Марк Брешано 13 2001-2015
8 Лук Вилкшир 80 8 2004-2014
Марк Милиган 6 2006-2019
10 Миле Јединак 79 20 2008-2018

Играчи со најмногу постигнати голови уреди

 
Тим Кејхил е рекордер по бројот на постигнати голови за австралиската репрезентација
Поз. Име Голови Настапи Период
1 Тим Кејхил 50 108 2004-2018
2 Демијан Мори 29 45 1992-2002
3 Арчи Томпсон 28 53 2001-2013
4 Џон Алоиси 27 55 1993-2008
5 Џон Космина 25 60 1977-1988
Атила Абони 61 1967-1977
7 Дејвид Здрилиќ 20 30 1997-2010
Брет Емертон 95 1998-2012
Миле Јединак 79 2008-2018
10 Греам Арнолд 19 56 1985-1997

Играчи со најмногу постигнати голови во еден натпревар уреди

Селектори уреди

Наводи уреди

  1. Socceroo 1965 Matches
  2. „11 април 2001, Australia-Samoa Americane 31-0: è Guinness dei primati - TUTTOmercatoWEB.com“. Архивирано од изворникот на 2016-11-08. Посетено на 8 ноември 2016. Занемарен непознатиот параметар |urlarchive= (help); Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  3. The Sydney Morning Herald, уред. (30 јуни 2005). „Farina quits as Socceroo coach“ (англиски).
  4. „SOCCEROOS SQUAD ANNOUNCED: FIFA World Cup Qatar 2022™“. Football Australia. 8 November 2022.
  5. „Martin Boyle withdrawn from Socceroos' FIFA World Cup Qatar 2022™ squad“. Socceroos. Посетено на 20 November 2022.
  6. Brian Green. „The Grecian Archive - Green, Brian“ (англиски). The Grecian Archive. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 22 октомври 2017. (...) Moving into coaching, Green became coach of the Australian national football team in 1975 and 1976 (...)
  7. Michael Cockerill (21 јануари 2010). „Arok warns Socceroos of Serbian 'steel' (англиски). The Sydney Morning Herald. Посетено на 22 октомври 2017. (...) Arok, 78, spent 24 years in Australia - including a six-year spell as national coach between 1983 and 1989 (...) Проверете ги датумските вредности во: |archivedate= (help)
  8. Michael Cockerill. „Former Socceroo coach Eddie Thomson loses 18-month battle with cancer“. The Sydney Morning Herald. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 22 ottobre 2017. (...) n 1990 he succeeded Arok as national coach and took Australia through 59 internationals and two World Cup campaigns before resigning to accept an offer from Japanese side Sanfrecce Hiroshima in 1996. (...) Занемарен непознатиот параметар |lingua= (се препорачува |language=) (help); Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  9. „German Osieck named Socceroos coach“. ABC Australia. 11 август 2010. Посетено на 22 октомври 2017. Занемарен непознатиот параметар |lingua= (се препорачува |language=) (help); Проверете ги датумските вредности во: |archivedate= (help)
  10. 10,0 10,1 Fox Sports (11 октомври 2013). „Socceroos coach Holger Osieck sacked after embarrassing 6-0 defeat to France in Paris“ (англиски). The Daily Telegraph. (...) Osieck was told by Football Federation CEO David Gallop that he leaves with immediate effect, assistant coach Aurelio Vidmar to take the side for Tuesday's friendly with Canada. (...) Занемарен непознатиот параметар |accesso= (се препорачува |access-date=) (help)

Надворешни врски уреди