Северни Маријански Острови

Северните Маријански Острови (англ. Commonwealth of the Northern Mariana Islands), се дел од групата на Маријански Острови и американските островски подрачја во Тихиот Океан, јужно од Јапонија и северно од Гуам.

Островот Сајпан

До почетокот на 20. век биле познати под прекарот острови Ладроне, ( шп.Islas de los Ladrones)- - што значи "Острови на Крадците".

Историја уреди

1521. Фердинанд Магелан, како прв Европеец, ја открива групата на острови и ги нарекува Islas de Ladrones, Ладроноток или Остров на Крадците, бидејќи според неговото мислење домородните жители му украле нешто од неговите бродови. Во 1667. Шпанија ги анектира островите и ги нарекува по својата кралица Марија Ана од Австрија.

После Шпанско-американската војна Шпанија го дава јужниот дел на Американците и го продава 1899. северниот дел на Германците.

Од 1975. групата острови Северни Маријански Острови се во Комонвелтот со САД.

 
Местоположба на Маријанските Острови.

Население уреди

86% од населението воглавно зборува на неслужбени јазици, како нпр. Микронезиски и Полинезиски јазик.

Географија уреди

Подрачјето се состои од 16 острови, кои се простираат на преку 500 км од кои најголеми се Сајпан, Тинијан и Рота.

Маријански Ров уреди

Недалеку југозападно од земјата се наоѓа Маријанскиот Ров, најдлабокото океанско дно на светот со 10.911 метри под морската површина.