ЗиЛ-41047

(Пренасочено од ZiL-41047)

ЗиЛ-41047лимузина од руската марка ЗиЛ. Има седум седишта заедно со возачот. Натоварен тежи 3550 кг. Максималната брзина му е наведена како „не помалку од 190 км/ч“. Автомобилот има 7,7 литарски мотор со V8 од сопствена конструкција со 315 КС (232 kW) при 4.600 вртежи во минута. Погонот е на задните тркала, со трибрзински автоматски пренос во следниов сооднос:

  • Прва брзина: 2.02:1
  • Втора брзина: 1.42:1
  • Трета брзина: 1:1
  • Рикверц: 1.42:1
ЗиЛ-41047
ЗиЛ-41041
ЗиЛ-41047
ПроизводителЗиЛ
Период1985 - 2002
ПретходникЗиЛ-4104
Наследниксѐ уште нема

Овој автомобил во 1985 го наследил моделот ЗиЛ-41045 без практично никакви механички измени. Главните промени се во стилот, особено во ретрозиворите, што претставуваат драстична модернизација во споредба со претходните ЗиЛ-ови модели. Биле модернизирани и предните трепкачи, каде квадратната хоризонтална линија е заменета вертикално поставена линија, во облик на врата. Преработен бил и обликот на предните фарови, како и задната полица. Во внатрешноста, најбитната промена била замената на копчињата за менување на брзини со менувач од подот. Автомобилот е толку широк, што управувачката табла е паралелна на менувачот [1] Архивирано на 13 октомври 2012 г..

ЗиЛ-41041 е сличен модел, но со доста помало меѓуосовинско растојание. Ова е седан со пет седишта кој нема додатен прозорец зад задните врати.

Бил претставен и прототип ЗиЛ-4112, како сосема современа верзија на овој автомобил, со директно вбризгување и со сила зголемена за 25% [2]. Овој модел за првпат е прикажан во 2005. Се очекува истиот да влезе во производство.

Надворешни врски

уреди