Weekly Shonen Magazine[3] (јапонски: 週刊少年マガジン) или просто Shonen Magazine — едно од најпознатите списанија во Јапонија што издаваат шонен-манга, објавено неделно од Kodansha. Прво објавено на 17 март 1959 г.[4] Исто така, под негово покровителство се објавуваат месечното Shounen Magazine Special и сезонското издание Shounen Magazine Wonder. До 1966 г., продажбата на списанието надминала 1 милион примероци, поттикната од популарноста на мангите Kyojin no Hoshi и Ashita no Joe објавени во него.[5]

Weekly Shonen Magazine
Главен уредникШинтаро Кавакубо
Категориишонен[1][2]
Честотанеделно
Циркулација883.804
(јули — септември 2016)
ИздавачKodansha
Прво издание17 март 1959
ДржаваЈапонија Јапонија
Јазикјапонски
ВебсајтWeekly Shōnen Magazine

И покрај одредена цензура (до неодамна тоа било единственото шонен-списание што забранувало објавување слики на женски брадавици), неговата целна публика покажува склоност да созрева, станувајќи сè позаинтересирана за сериозни дела наменети за повозрасните луѓе и типичните читатели на списанието постепено стануваат средношколци и студенти.

Тиражи

уреди
  • 2.721.633 (2004 г.)[6]
  • 2.365.306 (2005 г.)[6]
  • 1.650.205 (2009 г.)[7]
  • 1.277.500 (2014 г.)[8]
  • 1.156.059 (2015 г.)[8]
  • 995.017 (2016 г.)[9]

Соперништво со Shonen Jump

уреди

Списанието Weekly Shonen Magazine забележало нагло зголемување на продажбата во раните 1970-ти, станувајќи најпродаваното списание за манги во Јапонија во тоа време. Но во 1974 г., соперничкото списание Weekly Shonen Jump ја одзело оваа титула и ја задржало оваа положба долго време. Во средината на 1990-тите, Shonen Jump го доживеал губењето на правата за објавување на мангата Змејска топка и започнал „темна низа“ за неа. Како последица на тоа, Shonen Magazine повторно станал првото јапонско шонен-списание во октомври 1997 г., враќајќи ја својата положба како водач во продажба.

Во мигов, Shonen Magazine се враќа на втората положба — Shonen Jump се вратил како водач во 2002 г., но разликата во продажбите меѓу нив значително се намалила. Од 2007 г., неговиот тираж бил 1.720 илјади примероци, а тиражот на Shonen Jump бил 2.700 илјади.[10]

Наводи

уреди
  1. „Boys' Manga“ (јапонски). Japanese Magazine Publishers Association. September 2016. Посетено на November 6, 2016.
  2. Thompson, Jason (2007). Manga: The Complete Guide. Del Rey Books. стр. 338–339. ISBN 978-0-345-48590-8.
  3. Може и како Weekly Shōnen Magazine со ō.
  4. . ISBN 978-0-76-561602-9. Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Занемарен непознатиот параметар |страницы= (help); Занемарен непознатиот параметар |страниц= (help); Занемарен непознатиот параметар |год= (help); Занемарен непознатиот параметар |издательство= (help); Занемарен непознатиот параметар |автор= (help); Занемарен непознатиот параметар |ссылка= (help); |url-access= бара |url= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  5. . ISBN 978-0-76-561602-9. Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Занемарен непознатиот параметар |страницы= (help); Занемарен непознатиот параметар |страниц= (help); Занемарен непознатиот параметар |год= (help); Занемарен непознатиот параметар |издательство= (help); Занемарен непознатиот параметар |автор= (help); Занемарен непознатиот параметар |ссылка= (help); |url-access= бара |url= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  6. 6,0 6,1 „Manga Anthology Circulations“ (англиски). ComiPedia. Архивирано од изворникот на 2011-08-22. Посетено на 2010-11-11.
  7. „2009 Japanese Manga Magazine Circulation Numbers“ (англиски). Anime News Network. 2010-01-18. Архивирано од изворникот на 2018-12-09. Посетено на 2010-10-13. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  8. 8,0 8,1 „Top Manga Magazines' Circulation Dropped 10%+ in 1 Year“. News (англиски). Anime News Network. 2015-04-28. Архивирано од изворникот на 2016-08-04. Посетено на 2017-04-27. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  9. „Kodansha's Shonen Magazine Circulation Drops Below 1 Million“. News (англиски). Anime News Network. Архивирано од изворникот на 2017-04-28. Посетено на 2017-04-27. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  10. „Magazine Data 2007“ (јапонски). Japan Magazine Publishers Association. Архивирано од изворникот на 2012-02-05. Посетено на 2009-10-13. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)

Надворешни врски

уреди