Unreal Engine
Unreal Engine (се чита: Анрил енџин) — играчки погон развиен од Epic Games. За првпат бил прикажан во 1998 г. во играта Unreal. Иако првенствено бил развиен за пукачките игри од прво лице, успешно се користи во голем број игри од различни жанрови како што се потајни, MMORPG и игри со улоги. Софтверскиот код на Unreal Engine е напишан на јазикот C++, што му дава висок степен на преносливост. Денес го користат многу играчки развивачи.[1]
Тековната верзија е Unreal Engine 4, дизајнирана за технологијата DirectX 11 и 12 на Microsoft (за Microsoft Windows, Xbox One и Windows RT); OpenGL (за OS X, Linux, PlayStation 4, iOS, андроид, Ouya и Windows XP); и JavaScript/WebGL (за веб-прелистувачи што поддржуваат HTML5).[2][3]
Наводи
уреди- ↑ „Most successful videogame engine“. Guinness World Records. July 16, 2014. Архивирано од изворникот December 22, 2015.
- ↑ www.html5report.com
- ↑ blog.mozilla.org
Надворешни врски
уреди„Unreal Engine“ на Ризницата ? |