Trichiida
Arcyria nutans
Научна класификација
Домен: Eukaryota
Царство: Amoebozoa
Колено: Mycetozoa
Класа: Myxogastria
Ред: Trichiida
Фамилии

Dianemidae
Trichiidae

Trichiida е еден од петте редови на лигави габи од класата миксомицети.

Одлики

уреди

Видовите од Trichiida имаат светол, често жолт или црвен, а поретко сив или светлокафен[1] споров прашок.[2] Секогаш присутниот и често добро развиен[1] капилициум обично поседува карактеристични обележја на својата површина. Тој може да биде масивен или цевкаст, мазен или со скулптурирани нишковидни елементи [1]. Колумела отсуствува. На плодните тела не се забележуваат траги од калцификација.[3]

Систематика

уреди

Редот е воведен во 1922 од страна на Томас Хастон Мекбрајд и се состои од 14 родови и две фамилии со околу 100[2] видови[3]:

Во Средна Европа се многу чести видовите од Trichia, Hemitrichia и Arcyria[2].

Молекуларно-генетските истражувања покажуваат дека сестрински таксон на овој ред е редот Liceida. Монофилијата на овој ред не е оспорена.[4]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 ISBN: 0881924393
  2. 2,0 2,1 2,2 H. Dörfelt, G. Jetschke: Wörterbuch der Mycologie. Spektrum Akademischer Verlag, Heidelberg-Berlin 2001, ISBN 3-8274-0920-9
  3. 3,0 3,1 Michael J. Dykstra, Harold W. Keller: Mycetozoa In: ISBN: 1891276239
  4. Anne-Marie Fiore-Donno, Cedric Berney, Jan Pawlowski, Sandra L. Baldauf: Higher-order phylogeny of plasmodial slime molds (myxogastria) based on elongation factor 1-A and small subunit rRNA gene sequences In: The Journal of eukaryotic microbiology 52(3): 201-210, 2005