The Cramps ― американска рок група основана во 1976 година и активна до 2009 година. За време на своето постоење често ја ротирале својата постава, но пејачот Лукс Интериор и гитаристката Појзон Ајви биле единствени постојани членови. Групата се смета како зачетник на поджанрот психобили затоа што во својата музика соединувале елементи на панк рок и рокабили.[1]

The Cramps
The Cramps во 1982
Животописни податоци
ПотеклоЊујорк, САД
Жанрови
Период на активност1976–2009
Издавачи
Поранешни членови
  • Лукс Интериор
  • Појзон Ајви
  • Хари Драмдини

Откако на групата ѝ се приклучиле гитаристот Брајан Грегори и тапанарот Пем Балам во април 1976 година се формирала нивната прва целосна постава. Во 1980 година го издале својот прв албум насловен како Songs the Lord Teach Us. Бендот се расформирал во 2009 година по смртта на пејачот Интериор.[2]

Дискографија

уреди

Студиски албуми

уреди
  • Songs the Lord Taught Us (1980, Illegal)
  • Psychedelic Jungle (1981, I.R.S.)
  • A Date with Elvis (1986, Big Beat)
  • Stay Sick! (1990, Enigma)
  • Look Mom No Head! (1991, Enigma)
  • Flamejob (1994, The Medicine Label)
  • Big Beat from Badsville (1997, Epitaph)
  • Fiends of Dope Island (2003, Vengeance)
  • Gravest Hits (1979, Illegal)
  • Blues Fix (1992, Big Beat)

Албуми во живо

уреди
  • Smell of Female – (live at the Peppermint Lounge) (1983, Big Beat)
  • RockinnReelininAucklandNewZealandXXX (1987, Vengeance)

Компилации

уреди
  • Off the Bone (1983, Illegal)
  • Bad Music for Bad People (1984, I.R.S.)
  • How to Make a Monster (2004, Vengeance)
  • The Cramps: File Under Sacred Music Early Singles 1978–1981 (2012, Munster)

Наводи

уреди
  1. Remington, Alexander F. (February 6, 2009). „Lux Interior, 62 - Co-Founder of the Cramps, An Early Psychobilly Band“. The Washington Post. Посетено на August 23, 2017. Lux Interior ... was lead singer and co-founder of the pioneering psychobilly band the Cramps, ... which formed in the early 1970s, [and] were the first band to gain a following in psychobilly ....
  2. The Wild Wild World of The Cramps: Ian Johnston, Omnibus Press, 1990

Надворешни врски

уреди