Staphylococcus capitis
S. capitis во ’рбетномозочна течност.
Научна класификација
Царство: Bacteria
Колено: Firmicutes
Класа: Bacilli
Ред: Bacillales
Семејство: Staphylococcaceae
Род: Staphylococcus
Вид: S. capitis

Staphylococcus capitis е коагулаза-негативен вид од родот Staphylococcus. Овој вид е дел од нормалната микрофлора на човековата кожа, а најзастапен е на кожата на скалпот, лицето, вратот и ушите.[1]

Клиничко значење

уреди

Коагулаза-негативните стафилококни видови создаваат слузави биофилмови кои им овозможуваат да се прикрепат за разни медицински уреди како што се протетски валвули и катетери. Оваа особина прави да тие тешко се отстрануваат од страна на имунолошкиот одговор на пациентот во текот на антибиотската терапија. Бидејќи овие бактерии се дел од нормалната флора на кожата и мукозните мембрани, тие можат да бидат воведени во внатрешните ткива секогаш кога кожата и мукозните мембрани се повредени, дали преку венска пунктура, вметнување на медицински уреди итн. Коагулаза-негативните стафилококни видови, како што се S. epidermidis и S. capitis, се евидентираат како најчестата причина за протетски валвуларен ендокардит.[2][3][4]

S. capitis, за среќа, има помала склоност кон антибиотска резистенција и, исто така, создава помала количина на биофилм, во споредба со другите коагулаза-негативни стафилококи. Ова ја подобрува шансата за успешно сузбивање на перипротетски инфекции со S. capitis, во споредба со другите коагулаза-негативни стафилококни видови, како што е S. epidermidis .[5]

Наводи

уреди
  1. Kloos, W. E.; Schleifer, K. H. (1975). „Isolation and Characterization of Staphylococci from Human Skin II. Descriptions of Four New Species: Staphylococcus warneri, Staphylococcus capitis, Staphylococcus hominis, and Staphylococcus simulans“. International Journal of Systematic Bacteriology. 25 (1): 62–79. doi:10.1099/00207713-25-1-62. ISSN 0020-7713.
  2. „Nosocomial spread of a Staphylococcus capitis strain with heteroresistance to vancomycin in a neonatal intensive care unit“. J. Clin. Microbiol. 40 (7): 2520–5. July 2002. doi:10.1128/JCM.40.7.2520-2525.2002. PMC 120592. PMID 12089273.
  3. „Vancomycin heteroresistance in bloodstream isolates of Staphylococcus capitis“. J. Clin. Microbiol. 46 (9): 3124–6. September 2008. doi:10.1128/JCM.00592-08. PMC 2546727. PMID 18596138.
  4. „Development of a real-time PCR assay for the detection and identification of Staphylococcus capitis, Staphylococcus haemolyticus and Staphylococcus warneri“. J. Med. Microbiol. 56 (Pt 10): 1346–9. October 2007. doi:10.1099/jmm.0.47235-0. PMID 17893172.[мртва врска]
  5. Kloos WE PMC 358308, Update on clinical significance of coagulase-negative staphylococci. Clin Microbiol Rev. 1994 Jan; 7(1): 117–140

Надворешни врски

уреди