Ролс-Ројс Фантом Купе
(Пренасочено од Rolls-Royce Phantom Coupe)
Rolls-Royce Phantom Coupé е британски рачно изработен (освен шасијата) купе-автомобил од производителот Rolls-Royce, премиерно појавен на Женевскиот автосаем на 6 март 2008 г.[1] Платформата му се заснова на Rolls-Royce Phantom (2003), додека пак стилската изведба му должи многу на Rolls-Royce 100EX - идеен автомобил претставен во чест на стогодишнината на производителот во 2004 г.[2] Внатрешноста е изработена од кожа и фурнир од квалитетно дрво. Вратите однатре се затвораат на копче.
Произведувач | Rolls-Royce |
---|---|
Матично претпријатие | Групација BMW |
Познат и како | Phantom Coupé |
Производство | 2008- |
Склопување | Гудвуд, Западен Сасекс, Англија |
Класа | Луксузен автомобил |
Вид каросерија | купе - 2 врати, 4 седишта |
Распоред | ППЗВ |
Мотор | 6,75 Л V12 453 bhp (338 kW; 459 PS) |
Пренос | 6-брзински автоматски менувач |
Меѓуоскино раст. | 3.320 мм |
Должина | 5.609 мм |
Ширина | 1.987 мм |
Висина | 1.592 мм |
Нетоварена тежина | 2590 кг |
Резервоар | 100 Л |
Сродни | Rolls-Royce Drophead |
Производителот планира да направи и електрична варијанта на Phantom.[3]
Наводи
уреди- ↑ „79-ти меѓународен автосаем, „Палекспо-Женева", 5-15 март 2009. Светски премиери во автоиндустријата, меѓународен автосаем“. Salon-auto.ch. Посетено на 8 август 2009. (англиски)
- ↑ Ремзи, Џонатон (16 февруари 2008). „Женева '08 Preview: Откривање на Rolls-Royce Phantom Coupe“. Autoblog.com. Посетено на 8 август 2009. (англиски)
- ↑ „Rolls-Royce сака да направи електричен Phantom | | CAR Magainze“. Carmagazine.co.uk. 23 октомври 2008. Посетено на 8 август 2009. (англиски)
Надворешни врски
уреди- Ролс-Ројс Фантом Купе на Ризницата ?
- Официјална страница на Rolls-Royce (англиски)