Ролс-Ројс 20 hp

(Пренасочено од Rolls-Royce 20 H.P.)

Ролс Ројс 20 H.P. (англ. Rolls-Royce 20 HP), произведуван 1922 - 1929, бил „мал автомобил“ од Ролс Ројс во 1920-тите кој се произведувал заедно со 40/50 Сребрено Сениште и Фантом. Бил направен за самовозни сопственици, но можело да го вози и шофер.

Ролс-Ројс 20 H.P.
Rolls-Royce 20 H.P.
ПроизводителРолс-Ројс
Период1922-1929
2940 made
НаследникРолс-Ројс 20/25
Мотор3127
Пренос3 или 4-брзински мануелен
Меѓуос. раст.3.27 m
Должина4.52 m
ДизајнерСер Хенри Ројс

За автомобилот бил конструиран нов 6-цилиндричен мотор со 3127 cm³ со цилиндричен пречник 76 mm клип од 114 mm. За разлика од моторот на Сребрено Сениште, цилиндрите биле излеани во еден блок и главата можела да се извади. Палењето било рачно и електрично. Раните автомоили имале 3 брзини со менувач во средината на автомобилот, но ова се променило во 1925 на 4 брзински менувач од традиционалната десна страна. Погонот бил на задните тркала со цевка.

Гломазната шасија има крута предна и задна оска со полуелиптични амортизери, а кочењето најпрвин било само на задните тркала. Во 1925 биле ставени четири кочници со механичко серво. Бил поставен славниот ладилник со триаголен врв и раните примероци имале емајлирани хоризонтални, наместо никлувани вертикални решетки.

Во 1920 шасијата чинела £1100, додека типична цена сосе каросерија била £1600. Со каросерија препорачана од фабриката, автомобилот развивал 97 км/ч, но многу сопственици ставиле голема лимузинска каросерија со неизбежен ефект врз перформансите.