Reverse Ajax
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Reverse Ajax, кратенка за Reverse (обратен) Asynchronous JavaScript и XML, е интернетна развојна техника за создавање на интерактивни прилози. Намерата е мрежните страници да се направат подинамички со обезбедување на информации во реално време на самата страница. Значи зголемување на интерактивноста, брзината и ефикасноста.
Слично како и DHTML, LAMP, Ajax и SPA, Reverse Ajax не е технологија сама за себе, туку е само термин кој кажува дека се користат повеќе технологии заедно. Тие технологии се:
- AJAX за манипулација на податоците од страната на клиентот на едноставен и интерактивен начин, како и пренос на податоците помеѓу опслужувачот и клиентот.
- Технологија за гурање на податоците од опслужувачот кон прелистувачот.
- Комет, врската помеѓу опслужувачот и клиентот се чува отворена, со постепено симнување на страницата во некоја невидлива рамка.
- Piggyback, се додаваат дополнителни податоци во текот на нормалната клиент-опслужувач интеракција.
- Polling, клиентот постојано го храни (поставува упити) опслужувачот.
Reverse Ajax е различен од Ajax, тоа е пакет на технологии за гурање (анг. pushing) на податоците од опслужувачот кон клиентот. Овие технологии се засноваат на Ajax технологиите.
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Статии
- Reverse Ajax (англиски)
- Exploring Reverse Ajax (англиски)
- Beyond Ajax Архивирано на 1 ноември 2006 г. (англиски)
- Changing the Web Paradigm Архивирано на 9 декември 2006 г. (англиски) (англиски)
- Comet Low Latency Data for the Browser Архивирано на 12 август 2008 г.
- Имплементации
- DWR Project homepage Архивирано на 5 декември 2006 г. (англиски)