ROM меморија
(Пренасочено од ROM)
ROM (англиски: Read-Only Memory) меморијата, е компјутерска меморија од која може само да се чита. Основна карактеристика на оваа меморија е дека таа не ги губи податоците и по исклучувањето на компјутерот, а невозможноста за изменување е последица на технички ограничувања и потреба за заштите на содржината.
ROM меморијата обично се користи за фирмвер - инструкции или податоци кои се потребни за уредот веднаш по вклучувањето и/или без можност за вчитување од некој друг извор (пр. секундарна меморија).
Ќелиите се групирани најчесто по 8. Броевите се меморираат во Персоналниот Компјутер изразени во бинарна форма.
![]() | Оваа информатичка статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |