Pet Society (видеоигра)
Pet Society беше социјална видеоигра направена од Playfish која можеше да се игра на Facebook . Играта е рангирана како една од најпопуларните апликации на Facebook. [1] [2] Играчите можеа да ги дизајнираат своите миленици со избирање пол, имиња, бои и менување на изгледот. Корисникот комуницираше со својот миленик преку миење, четкање, галење и хранење.
Pet Society | |
---|---|
Изработувач(и) | Playfish, Electronic Arts |
Подлоги | |
Датум на издавање | 8 август, 2008 |
Жанр(ови) | Дигитален миленик |
Режим(и) | синглплеер, мултиплеер интеракции |
Играта беше објавена на 8 август 2008 година од страна на Playfish и на својот врв имаше 50 милиони месечни играчи, 5 милиони дневни играчи и заработуваше дури 100.000 долари дневно со продажба на предмети во играта. [3] Electronic Arts ја купи Playfish во ноември 2009 година. Играта требаше да се затвори на 14 јуни 2013 година; серверот се исклучи на 18 јуни. [4][се бара извор]
Верзија за iOS, Pet Society Vacation беше објавена во 2011 година со сличен гејмплеј, но сместена на тропски остров со нови поставки како подводен гребен. [5]
Играње
уредиМилениците на играчите можеа да комуницираат едни со други преку мрежата „пријатели“. Милениците можеа да ги посетуваат милениците на пријателите на играчот и да прават активности со нив (миење, дотерување, хранење итн.). Учеството во дневната лотарија, посетувањето пријатели, освојувањето награди, чистењето или играњето со милениците, победувањето во трки или обложувањето на исходот од трките беа неколку начини играчот да заработи парички. Посетувањето пријатели, купувањето предмети и тркањето во стадионот му даваше на играчот Paw Points.
Paw Points беа слични на XP/EXP (Искуство) во други социјални игри од тој вид; стекнувањето доволно Paw Points го зголемуваше нивото на миленичето. Кога нивото на домашно милениче се накачуваше, играчот добиваше парички, нови функции и специјални статуси. За време на првичното објавување на Pet Society, имаше 34 нивоа. Во 2009 година, откако куќите беа зголемени за да сместат 10 соби, беа додадени 13 дополнителни нивоа, со што вкупниот број достигна 47. Во август 2010 година, ограничувањето на нивото на милениците во Pet Society беше подигнато на 100.
Некои одредени предмети требаше да се купат на одредено ниво.
Прием
уредиGamezebo ја оцени видеоиграта со 5/5 ѕвезди, сакајќи ја разновидноста на содржините и забавните уникатни активности. [6]
Наводи
уреди- ↑ „Top Applications“. DeveloperAnalytics. 17 April 2009. Архивирано од изворникот на 17 April 2009. Посетено на 17 April 2009.
- ↑ „Pet Society“. DeveloperAnalytics. 17 April 2009. Архивирано од изворникот на 17 April 2009. Посетено на 17 April 2009.
- ↑ Maiberg, Emanuel (2013-08-12). „When a Cold-Hearted Corporation Takes Away Your Beloved (Virtual) Pet“. The Atlantic (англиски). Посетено на 2018-07-26.
- ↑ „Pet Society has been retired|EA Help“. archive.is. 2013-07-13. Архивирано од изворникот на 2013-07-13. Посетено на 2018-07-26.
- ↑ „Pet Society Vacation Review - Gamezebo“. Gamezebo (англиски). 2011-07-27. Посетено на 2018-07-26.
- ↑ Squires, Jim (2010-03-05). „Pet Society Review“. Gamezebo (англиски). Посетено на 2018-07-26.