По глава на жител
(Пренасочено од Per capita)
По глава на жител (или per capita[1], од лат. pro capite = „за секоја глава“, т.е. „по човек“) ― поим кој се користи во најразлични општествени науки и статистички истражувања, како владини статистики, економски показатели и студии за човековата околина.
Овој мерен поим сепак најчеста примена наоѓа во статистиката, каде се употребува наместо поконвенционалното „за секој човек“.
Во светот поимот се користи и во тестаменти (како „по глава“) за да се посочи дека сите наследници добиваат подеднаков дел од имотот. Ова се разликува од поделбата „по гранка“ (per stirpes), каде секоја гранка од семејството добива подеднаков дел, без разлика колку членови брои.
Наводи
уреди- ↑ „Per capita - Набу речник“. Архивирано од изворникот на 2021-06-26. Посетено на 2010-04-18.
Поврзано
уреди
Оваа статија од областа на статистиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |