Променлива ѕвезда од типот на PV Телескоп

вид променлива ѕвезда
(Пренасочено од PVTEL)

Променлива ѕвезда од типот на PV Телескоп (PV Tel-променлива, PVTEL) — вид променлива ѕвезда според Општиот каталог на променливи ѕвезди. Класата се дефинира како „хелиумски суперџиновски Bp-ѕвезди со слаби водородни линии и засилени линии од He и C“.[1] Тоа значи дека водородните спектрални линии на овие ѕвезди се послаби отколку што би било нормално за ѕвезда од класата B, додека пак хелиумските и јаглеродните линии се посилни. Прототипна ѕвезда на оваа категорија е HD 168476, наречена и PV Телескоп, која претрпува мали но сложени колебања во сјајноста и радијалната брзина.[2] PV Tel-ѕвездите се крајно сиромашни со водород во споредба со другите ѕвезди од класата B и ја менуваат сјајноста во временски опсези од неколку часа до неколку години.[3] Во 2008 г. имало 12 потврдени PV Tel-променливи во Општиот каталог на променливи ѕвезди.[1]

Променливите ѕвезди од овој тип се делат на три различни вида зависно од спектралниот тип: тип I (доцни B-ѕвезди и A-ѕвезди), тип II (O-ѕвезди и рани B-ѕвезди) и тип III (F- и G-ѕвезди). Оние од типот III секогаш се богати со јаглерод и сиромашни со водород, додека пак оние од типовите I и II не секогаш изобилуваат со јаглерод. Поврелите типови пулсираат побрзо од постудените.[4]

Список

уреди

Ова е список на избрани PV Tel-променливи од интерес за аматерската и професионалната астрономија. Освен ако не е поинаку укажано, наведените величини се во V-појасот.

Ѕвезда
Најг.
величина
Најм.
величина
Тип Спектрален
тип
Ипсилон Стрелец 4,43 4,65 I[б 1] F2p
HD 182040 6,95 7,17 III C...
HM Вага 7,42 7,63 III C
KS Персеј 7,60 7,85 I A5Iap
PV Телескоп 9,24 9,40 I B5p
BD +1 4381 9,47 9,60 I F
CD -35 11760 9,62 9,83 I B4Ibe
HD 160641 9,78 10,08 II sdOC9,5II-III_He40
DN Лав 9,91 10,00 II Bp
HD 124448 9,94 10,03 II B3p
NO Змија 10,27 10,39 I B
V1920 Лебед 10,30 10,41 I B2/3
CPD -58 2721 10,40 10,60 I B+...
BD -9 4395 10,44 10,63 II B
LS IV -1 2 10,95 11,05 I OB+

Белешки

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Jeffery, C. Simon (март 2008). „Variable Star Designations for Extreme Helium Stars“. Information Bulletin on Variable Stars. 5817 (1). Bibcode:2008IBVS.5817....1J.
  2. Walker, H. J.; Hill, P. W. (август 1985). „Radial velocities for the hydrogen-deficient star HD 168476, several helium-strong and helium-weak stars“. Astronomy and Astrophysics Supplement Series. 61: 303–311. Bibcode:1985A&AS...61..303W.
  3. Jeffery, C. S.; Heber, U. (јули 1992). „The extreme helium star BD-9 deg 4395“. Astronomy and Astrophysics. 260 (1–2): 133–150. Bibcode:1992A&A...260..133J.
  4. Otero, S. A.; Watson, C.; Wils, P. „Variable Star Type Designations in the VSX“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 19 јули 2014.