Кадифени црви
Кадифени црви Период: Камбриум – денес | |
---|---|
Кадифен црв | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Onychophora Grube, 1853 |
Рецентни фамилии | |
Распространување на кадифените црви: Peripatidae во зелено, Peripatopsidae во црвена |
Кадифените црви се месојадни без‘рбетни животни кои припаѓаат на типот Onychophora. Тоа е мал тип, со околу 70 видови на интересни животни, често нарекувани и црви со екстремитети. Речиси сите живеат во тропските и суптропските региони на Земјата, макар што постојат и неколку видови од умерените области на јужната полутопка.
Кадифените црви можат да бидат долги од 1,5 до 15 cm и да имаат помеѓу 28 (14 пара) или 86 (43 пара) на несегментирани екстремитети за движење. Тие најчесто се живописно обоени животни. Кадифените црви се прастари животни. Многу од пораните форми живееле во морето, како членовите на родот Aysheaia, чии фосили се најдени во карпи стари 540 милиони години. Ова значи дека овие организми живееле и во периодот на Камбриумот. Денешните онихофори, иако се сите копнени форми, сепак можат да се најдат само во влажни живеалишта. Обично се ноќни животни. Кај повеќето видови кутикулата е прекриена со ситни туберкули, кои на животното му ја даваат кадифената текстура, од која го добиле и името.
Кадифените црви имаат мешавина од морфолошки црти кои ги прават мост помеѓу прстенестите црви и членконогите. Но, поновите сфаќања сугерираат дека овој тип не претставува врска помеѓу анелидите и членконогите. Наместо ова, како и тардиградите, на него се гледа како на одделна еволутивна линија која независно се издигнала од некој дамнешен заеднички предок.