Барклејкард Арена (Хамбург)

(Пренасочено од O2 World (Хамбург))

Барклејкард Арена (првично Color Line Arena, а подоцна O2 World)[1] — повеќенаменска арена во Хамбург, Германија. Отворена е во 2002 и може да смести 16.000 луѓе. Се наоѓа во близина фудбалскиот стадион Арена Имтех и новата Volksbank Arena во квартот Баренфелд. Таа е меѓу најмодерните арени во Европа.

Барклејкард Арена
Место Хамбург, Германија
Започнат 13 јуни 2001
Отворен 8 ноември 2002
Сопственик Anschutz Entertainment Group
Цена на изградбата 83 милиони
Игра Hamburg Freezers (2002-денес)
РК Хамбург (2002-денес)
Гледачи 16.000 (концерти)
13.800 (ракомет)
12.947 (хокеј на мраз)

Арената е отворена во ноември 2002, 150 метри е долга и 110 метри широка и има висинска разлика од 33 метри. Максималната сместивост на арената е 16.000 посетители за спортските настани со елиминирање на внатрешните места, 12.947. Трошоците за изградба изнесувале приближно 83 милиони евра. Изградбата на стадионот била била финансирана од финскиот претприемач Хари Харкимо и градот Хамбург, Харкимо ја продал земјата за симболична цена од една германска марка и ги започнал инфраструктурните подобрување како првична фаза за 12 милиони германски марки (околу 6,1 милион евра). Во октомври 2007, арената била проценета на 75 милиони евра и била продадена на Anschutz Entertainment Group. Се наоѓа во градскиот западен кварт Баренфелд, во близина на фудбалскиот стадион Арена Имтех. Изградбата на арената, која се одвиваше од јуни 2001 до ноември 2002, чинела 83 милиони евра.

Главно се користи за ракомет и хокеј на мраз и е дом на HSV Handball и Hamburg Freezers.

Бил домаќин на неколку натпревари во текот на Светското првенство во ракомет 2007.

Германскиот техно-бенд Scooter го снимил нивниот албум, Live in Hamburg, на 12 март 2010.

Sting настапил за време на неговата турнеја Symphonicities на 19 октомври 2010, заедно со Кралскиот филхармониски оркестар.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди

53°35′21″N 9°53′57″E / 53.58917° СГШ; 9.89917° ИГД / 53.58917; 9.89917