Microsoft Visual Studio

Microsoft Visual Studio е интегрирана развивачка околина од Микрософт (анг. Microsoft). Таа се користи за развој на компјутерски програми за Микрософт Виндоус (анг. Microsoft Windows), како и за креирање веб страни, веб апликации, веб услуги и мобилни апликации.

Microsoft Visual Studio
Visual Studio 2017 logo and wordmark.svg
300px
Слика од Visual Studio 2012, уредувајки го C++ кодот на една програма
ПрограмериМикрософт
ЈазициКинески, чешки, англиски, француски, германски, италијански, јапонски, корејски, полски, португалски (Бразил), руски, шпански и турски
Мреж. местоvisualstudio.com

ОсобеностиУреди

Visual Studio користи едитор за код кој поддржува Intellisense (компонента за дополнување на код) како и рефакторирање на код. Останати алатки во оваа развивачка околина се : интегриран дебагер, профилер за код, дизајнер за форми (за графички апликации), веб дизајнер, дизајнер за класи и дизајнер за шема на база на податоци. Visual Studio исто така поддржува голем број на екстензии кои можат да ја зголемат функционалноста на речиси секое ниво.

Поддржани програмски јазициУреди

Visual Studio (засега) поддржува 36 различни програмски јазици. Некои поддржани програмски јазици се: C, C++, C++/CLI, VB.NET, C#, F# и TypeScript. Некои програмски јазици како Пајтон(анг. Python) имаат потреба од посебни екстензии, а некои како на пр. Јава (анг. Java) веќе не се поддржани од оваа развојна околина.

Верзии и изданијаУреди

Visual Studio има неколку верзии на развој:

  • 97 (1997)
  • 6.0 (1998)
  • .NET (2002)
  • .NET 2003
  • 2005
  • 2008
  • 2010
  • 2012
  • 2013
  • 2015
  • 2017

Секоја верзија се пушта во продажба во неколку изданија, од кои најпопуларни најчесто се изданијата Community, Professional и Enterprise, од кои секое издание поддржува различни карактеристики.

Моментално, последна издадена верзија е Visual Studio 2017, чие официјално пуштање во продажба беше на 7 мај, иако претходно беа претставени неколку "preview" верзии, односно некомплетни и нестабилни верзии претставени со цел да се комплетира и оваа верзија на познатата интегрирана развивачка околина.