Loderus
род на растителни оси
Loderus | |
---|---|
Научна класификација |
Loderus е род на растителни оси кои се слични на оние од родот Dolerus, од кои се разликуваат по формата и по должината на очите.[1]
Живеалиште
уредиРодот е распространет во Европа, во Сибир и во Северна Америка.
Во Македонија се утврдени неколку вида од овој род.[2]
Опис
уредиВидовите од овој род лесно се препознаваат по изгледот на оса, иако немаат тенка „половина“ како кај вистинските оси. Должината на телото изнесува 6-10 мм. Антените се куси и не ја надминуваат должината на абдоменот. Крилата се стаклесто провидни, жилките и стигмата се црни.
Ларвите се хранат и се развиваат на растенијата од родот Equisetum.
Наводи
уреди- ↑ Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 67-68
- ↑ Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 67-68