Македонска капа

(Пренасочено од Kepe)

Македонската традиционална капа е дел од македонската машка носија. Таа има кружна форма и е со рамен врв и на неа во минатото Македонците често ги украсувале со монети и "машински тегели". Македонската капа најчесто била правена од црн сатен, свила и овчо крзно. Македонските капи според изгледот се делеле на кепиња, кечиња, феси и тунофеси. Кепето била македонска капа од црн сатен која за време на веселби се украсувала, додека тунофесот била црвена капа со долга киска од модра свила.