JetMinds
JetMinds или JetMinds.org - веб заснована платформа наменета за ученици во основно и средно образование.[1]
Платформата овозможува учење на интернет на мајчин јазик, според материјали кои ја следат официјалната државна програма и кои се составени од врвни професори.
Производот е заснован на freemium моделот. Голем дел од платформата (вклучително видео лекциите) е достапен бесплатно, додека премиум функционалностите се достапни со месечна или полугодишна претплата.
Вид | Веб платформа |
---|---|
Дејност | Дигитално образование |
Вработени | +20 |
Матично претпријатие | Сигмоид ДОО |
Мреж. место | jetminds.org |
Опис/Историја
уредиМотивација за производот
уредиИдејата за развој на JetMinds се јавува кога основачите на Сигмоид забележуваат интересен парадокс во неформалното образование во Македонија.
Додека студентите користат повеќе онлајн алатки како Coursera, edX, Codecademy и слично за дополнителна помош во високото обазование, учениците во основните и средните училишта во Македонија (но и регионот) главно се наслонуваат на помош од родителите и приватни часови. Активност која е неефикасна и/или скапа.
Основачите на JetMinds го анализираат проблемот и заклучуваат дека истото се јавува поради неколку клучни разлики помеѓу студентите и учениците. Поконкретно, учениците:
- Сè уште немаат доволно високо познавање на англискиот јазик за да можат да учат училишна материја на странски јазик;
- Како деца или адолесценти, немаат трпение или мотивација за учење на општи теми кои не се директно поврзани со училишното тестирање;
- Имаат пропусти во знаењето кои ги спречуваат да ја разберат тековната материја од училиште;
- Имаат потреба од повнимателен педагошки пристап;
- Родителите се директно вклучени во процесот и имаат потреба од контрола.
На овој начин се раѓа JetMinds, производ кој има за цел да овозможи висококвалитетно неформално и дигитално образование за учениците во Македонија и пошироко.
Инвеститори и развој
уредиРазвојот на JetMinds почнува во 2017 година со минимална инвестиција од 10.000 евра од страна на основачите. По една година развој, првата бета верзија на производот е издадена во март 2018 година.
Бета верзијата е тестирана од 50тина ученици кои укажуваат на повеќе слабости, почнувајќи од дизајнот до перформансите на апликацијата.
Во јули 2018, Сигмоид аплицира со JetMinds за venture capital инвестиција од страна на Фондот за иновации и технолошки развој. На истиот повик проектот е одбиен.
Во декември 2018, основачите повторно аплицираат за инвестиција и истата ја добиваат од страна на Фондот за иновации и технолошки развој. Вкупната инвестиција која JetMinds ја добива е 23.000 евра од страна на Фондот за иновации, со дополнителни 10.000 евра сопствена инвестиција или вкупно 33.000 евра[2]. Од 132 компании поддржани во истиот период, само 6 компании добиваат пониска поддршка од JetMinds.
Во периодот од 2019 и 2020, компанијата Сигмоид инвестира дополнителни 10.000 евра во развој на JetMinds, достигнувајки вкупна бројка од 53.000 евра за развој на производот. Во периодот на развој, повеќе од 20 луѓе работат на JetMinds.[3]
JetMinds се лансира на 25 декември 2019 година.
Дизајн и функционалности
уредиДизајн
уредиJetMinds е заснована на принципите на flat design со фокус на едноставност во користењето.
Платформата како образовни материјали користи видео лекции и квизови. Дополнително, JetMinds нуди детална аналитика за корисникот и/или родителите. Аналитиката покажува што и колку учел корисникот, како и дава компаративна статистика за учениците во истата генерација.[4]
Платформата JetMinds исто така користи технологија која ја вика двострано усовршување.
Од една страна, JetMinds користи машинско учење за да детектира низ податоците кои теми се претходен пропуст на секој ученик.Од друга страна, не дозволува ученикот да формулира тековни пропусти во знаењето бидејќи за да комплетира една тема ученикот мора да помине три нивоа на задачи – секое ниво со 100% точност. Во превод, двострано го напаѓа проблемот за усовршување на материјата.
Гејмификација е уште еден концепт интегриран во JetMinds. Со редовно учење, решавање задачи и гледање видеа, секој корисник добива бодови и се натпреварува на неделно ниво со останатите корисници. Натпреварите на JetMinds не се однесуваат на тоа кој има вкупно најголем фонд на знаење, туку на тоа кој најмногу напредувал лично во таа дадена недела.
Содржина
уредиВо моментот JetMinds содржи материја по математика за основно образование и дел од средно образование. Системот се надоградува и со останати предмети.
Материјата во Македонија ја следи официјалната програма на Министерството за Образование, но исто така ја надоградува со теми кои се попроблематични за учениците.
Во развојот на содржината на JetMinds се вклучени врвни професори и инструктори, како на пример доктори на науки, магистри, кадри кои имаат иплементирано образовни програми на ниво на државата, како и лица со повеќе децениско искуство во предавање.
Назив JetMinds маскота Џет
уредиНазивот JetMinds има две значења. Од една страна, називот на платформата може да биде толкуван како мозоците на Џет – маскотата на платформата.
Од друга страна, може да биде толкуван како мозоци на ракетен погон.
Раст на платформата
уредиCOVID-19
уредиNa 14ти март, како мерка против ширењето на COVID-19 вирусот, платформата JetMinds e отворена со сите функционалности бесплатно. [5] [6] [7] [8] [9] [10] [11] [12] [13] [14]
Во периодот платформата JetMinds забележува исклучително висок сообраќај. Повеќе од 1.500 нови ученици се регистрираат секојдневно на платформата, а бројот на активни корисници на дневно е неколкупати поголем.
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ https://jetminds.org/
- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-03-24. Посетено на 2020-03-24.
- ↑ https://www.crunchbase.com/organization/jetminds-org
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2020-03-24. Посетено на 2020-03-24.
- ↑ https://kanal5.com.mk/besplaten-pristap-na-premium-uslugite-od-jetminds-platformata-za-uchenje-matematika/a413201
- ↑ https://www.libertas.mk/sedidoma-i-uchi-matematika-besplatno-onla%D1%98n-na-jetminds/?__cf_chl_jschl_tk__=a118c13caec2f990f6b2e9d0a61ed504d18b8ab0-1584593908-0-AUll4jLPzTt1mEIg6huMI6TzJPcNcDhnOuVsQS8RiI9UQ4m2hH-h2WP1Pb20hABXABX0b_OTeIhjLhlBQdIs7VhjYRXwBSOhuaFPdF-2_fk4sd9ozvgx3hcS9FnFqKbbJ3fyUiu4xMV79NZn_ckZka18JN3BxNdPFmzOLHLj-yfSjOsFE1d7H005TeoUoQo7j2Eo8qG9UuwTNeyu_NS2IZyxWoZfj_pSXyISdvYGsv4iA2LUJ2jriOU94UoYrAsq3L3D8YGXay5D9fFm4KPq5lYSnA76h2sviHzwIlb1J7Qlh_Iy4M5eQ1djcYGRUDQVmihlSMcyzM2YocVGQ_VKdBUIIQyGcBClRW8iNj-mTlYf[мртва врска]
- ↑ https://www.it.mk/uchioddoma-platformata-jetminds-besplatno-dostapna-za-site/?utm_source=daily.mk&utm_medium=daily.mk[мртва врска]
- ↑ https://off.net.mk/net-roulette/info/besplatno-koristenje-na-platforma-za-matematika-jetminds
- ↑ https://mkd-news.com/besplaten-pristap-na-premium-uslugit/
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2020-03-24. Посетено на 2020-03-24.
- ↑ https://skopje1.mk/archives/85785
- ↑ https://emiter.com.mk/vesti/18776
- ↑ https://makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=335368
- ↑ https://iportal.mk/makedonija/fitr-sedidoma-uchi-onlajn-na-matematika-preku-vrvnata-platforma-jetminds%e2%9d%97%ef%b8%8f/