JIRA е комерцијален софтвер за следење на развој на верзии, развиен од страна на Atlassian, најчесто се користи за следење и решавање на проблеми, следење на развојот на софтверските верзии и управување со проекти. Името на софтверот, JIRA, не е акроним, туку скратена верзија на "Gojira", јапонското име за Godzilla. JIRA се развива од 2002 година. JIRA е напишан во јава и ги користи Pico контролерот за инверзија на управување, Apache OFBiz енџинот за ентитети и WebWork 1 стекот со технологии. За RPC, JIRA поддржува SOAP, XML-RPC и REST. JIRA се интегрира со програми за управување со код како што се Subversion, SVC, Git, Clearcase, Visual SourceSafe, Mercurial и Perforce. Доаѓа со преводи на повеќе јазици како Англиски, Јапонски, Германски, Француски и Шпански. JIRA има архитектура која е прилагодлива за додатоци со што се развинеи голем број интеграции од JIRA заедницата и трети страни, вклучувајќи ги развојните околини како Eclipse и IntelliJ IDEA кој го користат Atlassian IDE конекторот. API-то на JIRA дозволува девелоперите да интегрираат апликации од трети страни во JIRA. Според Atlassioan, JIRA се користи за следење на верзии на софтвер и управување со проекти од преку 14 500 компании во 122 земји од светот.