Jудитa и Холоферн (Климт)
Јудитa и Холоферн (Климт) (исто така познато како Јудита I , Германски: Јудит и Холофернес ), Климт насликал уште едена, „Јудит II“. (Погледнете ја сликата десно)[1]. E слика масло на платно од Густав Климт, насликана во 1901 година. Ја прикажува библиска фигурата Јудита која ја држи главата на Холоферн откако го обезглавува. Отсекувањето на главата вообичаено се прикажуваат во уметноста уште од ренесансата, а самиот Климт ќе наслика второ дело што ја прикажува темата во 1909 година.
Творец | Густав Климт |
---|---|
Година | 1901 |
Димензии | 84 см × 42 см |
Место | Австриска галерија Белведере, Виена |
Содржина и влијанија
уредиКога Климт се осврна на библиската тема на Јудита, историскиот тек на уметноста веќе ја кодифицирала нејзината главна интерпретација и претпочитаната претстава. Постојат многу слики кои ја опишуваат епизодата на херојски чин, особено изразувајќи ја храброста и доблесната природа на Јудита. Таа се појавува како Божји инструмент за спасение, но насилството на нејзиното дејство не може да се негира и драматично е прикажано во делото на Караваџо на Јуудита јо отсекува главата на Холофернес ,
Климт намерно игнорирал каква било наративна референца и го концентрира својот сликовен приказ само на Јудита, толку многу што отсеченатаа глава на Холоферн е претставена на десната маргина. И нема ни трага од раскрвавен меч како хероината да користела поинакво оружје: пропуст што го оправдува поврзувањето со Саломе.Асоцијациите со Саломе се многу и разновидни, опфаќајќи опсежен период на сликарска претстава. Дури и „Јудита II“ на Климт понекогаш се цитира како „Саломе“.[2].
Анализа
уредиЛицето на Јудита зрачи со мешан набој на сладострасност и перверзија. Нејзините особини се преобразуваат за да се добие најголем степен на интензитет и заведување, што Климт го постигнува со ставање на жената на недостижна рамнина. Без оглед на промената на одликите, може да се препознае пријателката на Климт (и, веројатно, љубовницата). Малку подигнатата глава со чувство на гордост, додека нејзиниот вид е мрзелив и сензуален, со раширени усни, помеѓу пркосот и заведувањето. Франц А. Ј. Сабо најдобро го опишува како „симбол на триумф на еротскиот женски принцип над агресивниот машки“. Нејзиниот полузатворен поглед, кој исто така се врзува за израз на задоволство, директно се соочува со гледачот на сето ова. Во 1903 година, авторот и критичар Феликс Салтен го опишува изразот на Јудита како „со горчлив оган во нејзините темни погледи, суровост во линиите на устата и ноздрите кои треперат од страст. Се чини дека мистериозните сили дремат во оваа примамлива жена“. Иако Јудита обично се толкува како побожна вдовица која едноставно исполнува повисока должност, во Јудита I таа е парадигма на фаталната жена која Климт постојано ја прикажува во неговите дела. Нејзината разбушавена темнозелена, полупроѕирна облека, давајќи му на гледачот поглед на нејзиното речиси голо торзо, алудира на фактот дека Јудита го измамила генералот Холоферн пред да го обезглави[3],[4],
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Judith and the Head of Holofernes, 1901 by Gustav Klimt“. Архивирано од изворникот на 2022-01-02. Посетено на 2021-10-25.
- ↑ „Judith I“. Архивирано од изворникот на 2021-10-25. Посетено на 2021-10-25.
- ↑ Judith and the Head of Holofernes
- ↑ Judith and Holofernes by Gustav Klimt
Библиографија
уреди- Zeri, Federico (1998), Giuditta I, Rizzoli
- Kinsella, Eileen (Januar 2007), „Gold Rush“, Artnews.
- Sabarsky, Serge (1983), Gustav Klimt: Drawings, et al., Moyer Bell.
- Whitford, Frank (1990), Klimt, Thames and Hudson.