id Tech 3 (се чита: ид тек) е погон за видеоигри изработен од id Software за Quake III Arena, искористен за многу игри под ознаките Quake III Arena engine и Quake III: Team Arena engine. Во неговото време се натпреварувал со погонот Unreal. И двата погони многу се користени.

id Tech 3
Логото на погонот id Tech 3
Прв пат искористен во Quake III Arena Star Trek: Elite Force II е една од последните игри што го користела
id Tech 3 во Quake III, првата игра со погонот, и Elite Force II, една од последните
Програмериid Software
Прог. јазикЦ
ВидПогон за видеоигри
ЛиценцаГНУ-ова општа јавна лиценца

id Tech 3 е голем напредок од погонот Quake и id Tech 2. Иако id Tech 3 е произлезен од id Tech 2, големи делови од кодот се нови или повторно напишани. Заменет е од страна на id Tech 4, кој е произлезен одid Tech 3, но содржи многу малку од првичниот код.

На QuakeCon 2005, Џон Кармак најави дека изворниот код на Quake III ќе биде објавен под ГНУ-овата општа јавна лиценца (верзија 2). Објавен беше на 19 август, 2005 година. Кодот е достапен за симнување од интернет на фтп-страната на id.

Користење на погонот

уреди

Проекти засновани на слободниот изворен код

уреди
  • ioquake3 – Проект за отстранување на багови и на стариот код за користење на глувче, за расчистување на изворниот код и за додавање поусовршени графички и звучни можности преку SDL и OpenAL, кој треба да служи како чист основен пакет за други проекти. Овој погон го поддржува форматот Ogg Vorbis и снимање на демо-снимки во форматот .avi.[1] Меѓу игрите кои го користат овој погон се World of Padman, OpenArena и Tremulous.
  • Space Trader - Акција/Стратегија од HermitWorks Entertainment
  • Smokin' Guns - полуреалистична симулација на атмосферата во „Дивиот Запад“. Почнала како модификација за Quake 3, но прераснала во самостојна игра. Почнала да го користи погонот ioquake3 2009 година[2].
  • Urban TerrorМод за Quake 3 што сега е самостојна игра. Изворниот код сè уште не е јавно објавен.

Производи што користат неслободна лиценца

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Валич, Тео (3 април 2007). „Two free games based on the Quake 3 engine tip up“. The Inquirer. Архивирано од изворникот на 2010-08-28. Посетено на 2010-01-12.
  2. Бугар, Гијом (алијас Tequila) (22 јануари 2009). „Smokin'Guns ioQuake3 backport“. Smokin'Guns Productions. Архивирано од изворникот на 2009-09-20. Посетено на 2010-01-26.