ISO/IEC 80000

(Пренасочено од ISO 80000)

ISO 80000 или IEC 80000 е меѓународен стандард за изразување на физичките величини, мерните единици и формулите кајшто се користат, во научни и образовни документи ширум светот. За стандардот се задолжени Меѓународната организација за стандардизација и Меѓународната електротехничка комисија. Највеќето земји доследно ги следат овие стандарди во учебниците по математика и природни науки.

Семејството на стандарди ISO/IEC 80000 е заокружено и завршено со објавувањето на Дел 1 во ноември 2009. Во воведот стои дека „Системот на величини, вклучувајќи го нивниот сооднос, величините на кои се засноваат единиците од SI, се нарекува Меѓународен систем на величини [International System of Quantities] и се означува со „ISQ“ на сите јазици.“[1]

Делови

уреди

Стандардот е составен од 14 делови:

Дел Назив Извор
ISO 80000-1 Општо ISO 31-0, IEC 60027-1 и IEC 60027-3
ISO 80000-2 Математички знаци и симболи во природните и техничките науки ISO 31-11, IEC 60027-1
ISO 80000-3 Простор и време ISO 31-1 и ISO 31-2
ISO 80000-4 Механика ISO 31-3
ISO 80000-5 Термодинамика ISO 31-4
IEC 80000-6 Електромагнетизам ISO 31-5, IEC 60027-1
ISO 80000-7 Светлина ISO 31-6
ISO 80000-8 Акустика ISO 31-7
ISO 80000-9 Физичка хемија и молекуларна физика ISO 31-8
ISO 80000-10 Атомска и јадрена физика ISO 31-9 and ISO 31-10
ISO 80000-11 Карактеристични броеви ISO 31-12
ISO 80000-12 Физика на тврдото тело ISO 31-13
IEC 80000-13 Информатика и сметачка технологија потточки 3.8 и 3.9 од IEC 60027-2:2005 и IEC 60027-3
IEC 80000-14 Телебиометрика за човечката физиологија IEC 60027-7

Наводи

уреди
  1. Брошура од SI (англиски)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди