ISO 10006:2003, „Системи за раководење со квалитетот - Напатствија за раководење со квалитетот на проектите“, е меѓународен стандард на Меѓународната организација за стандардизација (ISO).

ISO 10006:2003 дава напатствија за примената на раководењето со квалитетот кај проектите.

Наменет е за проекти од различен степен сложеност, големина и вретраење, во различни околини, и без разлика за кој вид на производ или процес се работи. Ова може да бара извесно „прекројување“ на напатствијата за потребите на извесен проект.

ISO 10006:2003 не претставува водич за самото „раководење со проекти“. Овој стандард дава напатствија за квалитетот на процесот на раководење со проекти. Квалитетот на проектните процеси поврзани со производи и „пристап на процесот“, се опфатени во стандардот ISO 9004. Во подготовка е и нов стандард: „Раководење со проекти - Водич за раководење со проекти“ - ISO 21500.

Бидејќи ISO 10006:2003 е советодавен документ, истиот не е наменет за издавање на уверенија и потврди или регистрација.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди