Goobi (скратено од Гетинген online-objects binaries) е open-source софтвер пакет наменет за поддршка на проекти за масовна дигитализација на институциите за културно наследство. Софтверот имплементира меѓународни стандарди како што се METS, MODS и други формати што ги одржува Конгресната библиотека . Goobi се состои од неколку независни модули кои служат за различни цели, како што се контрола на протокот на дигитализација, збогатување на описни и структурни метаподатоци и презентирање на резултатите пред јавноста на модерен и разбирлив начин. Го користат архиви, библиотеки, музеи, издавачи и др.[1]

Goobi

Структура

уреди

Goobi ги има следниве својства:

  • Централно управување со дигиталните копии (слики)
  • Менаџмент на централни метаподатоци: можно е да се каталогизираат и интегрираат метаподатоците од различни локации
  • Контролни механизми: тие се користат за контрола на напредокот на работата на партнерите
  • Извоз и увоз на интерфејси за метаподатоци и диигитални примероци од трети страни
  • Задачи за управување: управување со пораки за грешки, завршување на работните чекори и пренесување на следниот чекор, вклучително и промена на партнери
  • Независност на платформата: Goobi е семрежен прилог и мора да биде дизајнирана на овој начин, бидејќи партнерите во дигитализацијата на клиентот често се од различни делови на светот.

Компонентите за управување со дистрибуиран работен проток се интегрирани во производот за да се обезбеди управување со дистрибуирана комуникација и производство помеѓу различни партнери.

Историја

уреди

Goobi е широко користен во 40 европски библиотеки во Австрија, Германија, Холандија и Велика Британија. Работниот дел од софтверот постоел во две различни изданија на оригиналниот софтвер Goobi. Додека изданието на заедницата „Гоуби“ беше одржувано во соработка од најголемите германски библиотеки и даватели на дигитални услуги, изданието „Интранда“ е развиено од една компанија.[2][3][4]

Во мај 2016 г., германското „Гооби“ здружение т.н. „Goobi Digitalisieren im Verein e. V.“ одлучи да го избере новото име Китодо за да избегне правни проблеми со старото име Гооби.[5][6]

Софтверот Goobi дополнително ќе се развива.

Наводи

уреди
  1. „Goobi - open source software for workflow management in digitisation projects“. http://goobi.intranda.com: intranda GmbH. Посетено на 2016-05-23.
  2. „Goobi wird Verein. Anwendergemeinschaft von freier Digitalisierungssoftware schafft professionelle Strukturen“. SLUB. 2014-03-26. Посетено на 2016-05-27.
  3. „Goobi ist Verein“. Goobi.Digitalisieren im Verein e. V. 2013-02-02. Архивирано од изворникот на December 8, 2015. Посетено на 2016-05-13.
  4. Harkiran Dhindsa and Rioghnach Ahern (2012-10-19). „Digesting Ingest“. Digital Welcome Library. Посетено на 2016-05-13.
  5. „Trademark Kitodo registered by "Goobi. Digitalisieren im Verein" e.V. at OHIM“. IP CENTRAL GmbH. Архивирано од изворникот на 2016-05-13. Посетено на 2016-05-13.
  6. „Kitodo. Key to digital objects“. Goobi.Digitalisieren im Verein e. V. 2016-05-13. Архивирано од изворникот на 2016-05-13. Посетено на 2016-05-13.

Надворешни врски

уреди