Список на поими во балетот

(Пренасочено од Glossary of ballet)

Балетот е формален вид на танц. Обично се изведува на сцената како дел од балетската работа која често вклучува мимика, глума, раскажување на приказни , и е проследен со музика. Танчерите можат да изведуваат “en pointe” или demi-pointe” ; на часевите по балет , танчерите вежбаат или на “barre” или на средината на подот. Значаен дел од балетската терминологија е од францускиот јазик, бидејќи балетот ги има своите корени во Франција.„ Париската опера“, првично позната како „Кралската академија за танц“ (основана во 1661 година од страна на кралот Луј XIV), ја има најстарата балетска дружина во државата и веројатно на светот.

А
A la seconde

Француски изговор: [alasəɡɔd] на страна или во втората позиција. A la seconde обично значи чекор што се движи накосо или движење направено на страна како “grand battement à la seconde”. Tехнички предизвик за вртење е “pirouette à la seconde”, каде што балерината се врти со ногата со која се движи во втората позиција која се вика “ à la hauteur”. Ова вртење најчесто е изведено од машките танчери, и поради бараните вештини потребно е да се изврши правилно, тоа се смета за машки двојник на “fouettes en tournant” Adagio

Адаџо (италијански), adage (француски; галицизам од италијанскиот оригинал). Од италијанската комбинација на предлог А + AGIO (именка) со Д помеѓу двете “As” од фонетски причини и ( elision): ad agio → adagio (буквално, со леснотија). Во песна, адаџо значи "полека", а во балетот тоа значи бавно, движења со прегрнувања, изведени со што е можно повеќе флуидност и грациозност. На часевите по класичен балет, адаџо е дел од лекцијата која се концентрира на спори движења за да се подобри способноста на танчерка за контрола на ногата при подолгго протегнување на нозете (односно, да успее да ги задржи нозете во високи позиции со контрола и леснотија). Адаџо комбинациите обично се изведуваат на средината на вежбите во “barre”, и се состојат од главните чекори меѓу кои може да наведеме неколку : “plie”, “developpe”, “attitude”, “arabesque”, и “grande rond de jamb”. При “Grand Pas” (или класична “Pas de deux”, “Grand Pas d'акција”, итн), Адаџо обично е наведено како “Grand adage”, и често ја следи “Entrée” . Ова адаџо е типично видливо движење на “Grand Pas” каде што женската балерина е придружена од водечкиот машки танцувач / или еден или повеќе танчери. Во балетот, зборот адаџо не се однесува на музиката која е во позадина на танцот, туку на видот на балетски движења кои се изведуваат. На пример, “Grand Pas” od познатиот „Црниот лебед“, и “ Pas de deux” од „Лебедово езеро“ е музички “Andante”, додека кореографијата е адаџо.

Аllegro (Италијански изговор: [Allegro]) Значење брзо, жив. Термин кој се применува за сите ведри, брзи, или живи движења. Сите чекори на возвишување како “entrechat”, “cabriole”, “assemble”, “jeté” и така натаму, се најдoa под оваа класификација. Поголемиот број танцови, како соло и групни, се засноваат на алегро. Најважните квалитети за да се достигне “allegro” се леснотија, елеганција и ноншалантност.

Allongé Придавка која опишува позиции како растегнување или подолго, често во комбинација со “arabesque”

Aplomb

“Aplomb” се однесува на стабилноста на позицијата.

Arabesque

Арабеска (балетска позиција)

Арабеска е позицијата на телото при стоење на една нога, и движење со другата нога зад телото со исправено колено. Стоењето на ногата може да биде или свиткано, еластично, или исправено. Арабеска се користи и во кореографиите на алегро и адаџо, и генерално, означува една фраза на чекори.

Assemble Француски изговор: [asɑble] Понекогаш, исто така, “pas assemble”. Буквално "assemble". Скок кој се изведува со едната нога и се застанува на двете нозе, каде што првото стапало изведува “battement glissél degagé ", “swishing out”. При скокнувањето, балерината го мести второто стапало позади првото стапало. Нозете се среќаваат во воздухот, и балерината застанува со двете нозе на подот во исто време, во третата или петтата позиција.

Attitude

Позиција во која балерината стои на една нога (позната како споредна нога), а другата нога (ногата со која се движи) е подигната и се движи со коленото свиткана на приближно како агол од 90-степен. Подогнатите или нозете кои се движат , можат да бидат зад (derrière), пред (devant), или на страна (à la seconde) на телото. Ако ногата во однос “derrière “се потпира на подот, таа поза е позната како “B-plus”. Во некои стилови на балет, како што ”RAD”, nogata треба да биде под коленoto, правејќи тап агол на коленото. Во други, како на пример кај Баланшин и руските стилови, стапалото мора да биде во согласност со коленото или над него, правејќи агол што е 90-степени или помалку. “Attitude” позицијата може да се врши со споредната нога и стапалото или во “ en pointe”, “demi pointe” или на рамно стапало.

Avant Движење напред, накај предната страна, спротивно од “arrière”. На пример, чекорот се движи напред (en avant), кон публиката, на пример, “sissonne en avant”.

B

Balance

Обично се изведува во три точки, балерината обично започнува во петтата позиција “plié”. Пред првиот броење, едното стапало се протега во “degage”, обично до втората позиција. Сепак, “balance devant” или “derrière” се исто така можни. “Balance” често се меша со “pas de valse”, кој е дел од валцерот. Сепак, кога се прави “balance” трите чекори "надолу, нагоре, надолу" движења (fondu, relevé, fondu), додека во “pas de valse”, вистинскиот валцер, движњата се "долу, нагоре, нагоре" (fondu, relevé, relevé).

Balançoire

Движење обично со  “grands battements” или “attitudes”, во кои балерината или балетанот ја ниша нејзината/неговата нога напред (devant) и назад (derrière) преку првата позиција.

Ballabile Ballabile (од италијански Ballabile значи "danceable") Во балетот терминот се однесува на танц во изведба на “corps de ballet”. Терминот ”Grand ballabile” се користи ако скоро сите учесници (вклучувајќи ги и главните карактери) на одредена сцена која е долгометражна изведуваат опсежен танц.

Ballerina Италијански назив за "женска танчерка". Дури во 1950 балерина стана главната женска танчерка во балетските дружини, која исто така имаше многу постигнато во меѓународниот свет на балетот, особено надвор од својата балетска дружина, женските танчери кои тогаш играле балет биле нарекувани “danseuses” или едноставно балетски уметници. Балерина беше критична награда доделена на релативно мал број на женски танчери, донекаде сличен на насловот дива во опера. Машката верзија на овој термин “danseur”” благородна” (француски). Од 1960 година, сепак поимот го изгуби ова почесно значење и се применува генерално кај сте жени кои се балетски уметници. Во оригиналот италијански, термините “ballerinо” (машки танцувач, обично во балет) и балерина не имплицираат на успешните и критички прогласени танчери, кои во англискиот јазик се означени со терминот “ballerina anddanseur noble” . Наместо тоа, тие едноставно значат некој кој танцува балет. Италијански термини кои ги изделуваат искусните женски балерини се прима балерина и “prima ballerina assoluta” ( францускиот збор “еtoile” се користи во таа смисла во „Скала балет от “во Милано, но има различно значење во „ Париската опера и балет“.) “Danzatore” (машки) и “danzatrice “(женски) се општите термини на италијански за да значајни танчери.

Ballerino Се користи во италијанскиот јазик за "машки танцувач". “ Ballerino “е главен машки танцувач на балетската дружина во Италија. Тој е наведен како "danseur" во балетските дружини во Франција. Овие термини ретко се користат во англискиот јазик. Бидејќи “ballerinо” не се користи во англискиот јазик, тие не ги уживаат истите значења како балерина (види погоре за детално објаснување на овие поими). Постојан машки танцувач во Италија се нарекува “adanzatore”, додека” ballerino” обично означува балетан во Италија. Во англиското говорно подрачје, момчињата или мажите кои танцуваат класичен балет обично се нарекуваат (машки) балетски танчери. Често "ballerino" се користи во Англиско-засновани земји (како жаргон).

Balletomane Обожавател на балетот или ентузијаст. Овој збор те од руско потекло дуро од 1930 година, со наставката- “mane” кој доаѓа од “maniya” (манија).

Ballon

Ballon (балет)

“Ballon” значи "да скокаат", каде што танчерка може да покаже леснотија во движењета. Ова е квалитетот, не на височината или должината, туку на скокот. Дури и во мали, брзи скокови (petite allegro), танчерите се стремат да изведат “ballon” (“балонски”). Танчерот кој изведува “ballo” скокнува од подот и се чини како да прави пауза во воздухот пред да застане на подот.

Barre

“Barre” е хоризонтална шипка, висока до половината на танчерите, која обично е направена од дрво или метал, и се користи за загревање пред да почне да се вежба балет. Часовите по балет најчесто започнуваат на (“barre”) барето и половина од времето кое им е одредено за вежбање им поминува во загревање . Најчесто танчерите се учат да не се потпираат само на ( “barre”) барето туку да го третираат како партнер, да го држат нежно и да се обидат да ја задржат нивната сопствена тежина. Прицврстените бареа(“barres”) обично се монтирани заедно со огледала наместо со ѕидови. Исто така, постојат и преносливи бареа (“barres”) кои можат да бидат преместени каде што е потребно.


Battement

Движење на ногата која е во движење. “Battements” вообичаено се изведуваат пред (en avant или à la quatrieme devant), на страна (à la seconde) или назад (en arrière или à la quatrieme derrière). • ”battement développé” е обично бавно движење во кое ногата најпрво е крената во “retire” позиција, а потоа целосно продолжена или распространета , минувајќи низ “attitude” позицијата. • “battement fondu” е движење кое обично е побавно од “fondu” (и двете колена се свиткани, стапалото на ногата која се движи е во “cou-de-pied” позиција) сè додека двете нозе не се целосно исправени. Ногата со која баерината/балетанот се движи може да застане на подот во позицијата (а terre) или надвород подот во позицијата (en l’air). И двете можат да бидата изведени. • “battement frappé ” е движење каде стапалото се движи од протегнатата или “cou-de-pied” позиција до зглобот на споредната нога, и продолжува да се движи брзо, право, и режително, на тој начин што тоа удира на подот во т.н. “frappe” позиција. Во руските балетски школи стапалото е обвиткано околу глуждот, и се смета за подобро отколку протегнато и во овој случај балерината/балетанот не удира на подот. Во овој случај, “frappe” е изведено од стапалото кое е во движење и го удира зглобот на споредната нога.“Battements frappes” може да се изврши двојно, со наизменични удари од предната и задната страна на глуждот на ногата која е во стоечка позиција пред да ја изведе позицијата. •” battement glissé “( од француските училиште) или "dégagé" ( од италијанските училишта) или "jeté" ( од руските училишта) е брзо движење кое обично зазема околу 2-3 сантиметри надвород подот (буквално значи "gliding" battement или лизгање). При оваа вежба, акцентот на движењето заедно со ротамот на музиката е на затворање на нозете, кое што е спротивно од ратегнување на ногата. •” battement lent” е бавно движење, кои обично се изведува колку е можно повосоко, и кое вклучува значителна контрола и сила. Двете нозе остануваат исправени во текот на целосното времетраење на движењето.

• “battement tendu” е battement каде што испружено стапало не излегува од подот. Ногата кооја е во движење полека се лизга напред , странично или наназад од петтт или прва позиција за да стигне до четвртата или втората позиција,со по дигање на петата од подот и се протегање на сводот на стапалото. Таа ја претставува подготовката за многу други позиции, како што се “ronds de jambe” и “pirouette” позиции. • battement tendu jeté ( од руската балетска школа) е движење кое нормално се изведува секаде од 2 см од подот до 45 степени, во зависност од стилот. Тоа е исто како “battement dégagé (од Цечети) или “battement glissé” (од француските училишта). • grand battement е моќно движење в кое балерината ја протегнува ногата колку е можно повисоко , држејќи ја исправена, додека споредната нога т.е. онаа која не е во движење , исто така, останува исправена. • battement en cloche е “кои постојано "swgrand battement” кое постојано се менува т.е. се движи напред и назад , минувајќи низ првата позиција на нозете (буквално:долго движење со враќање односно од една до друга крајност). • petit battement е движењекаде свиткувањето е во коленото, додека горниот дел од ногата и бутот остануваат мирни. Ногата која е во двиѓење брзо преминува од “cou-de-pied” позиција од предната страна до ” cou-de-pie” позиција до задната страна , со мало творање на страна.

Batteri

Целосната група на техники и чекори, вклучувајќи ги и  вртењата и скоковите, при што стапалата  брзо преминуваат пред и зад едни со други, правејќи мавтања или ефект со удирање и повторно враќање во првата позиција. Исто така, се нарекуваат “beats” и во наставаната програма на  „Кралската академија за танц“ (“RAD”) .

Battu Секој чекор кој додава некое екстра движење пред се да заврши се смета “battu” . На пример како што е “jete battu”.

Brisé Скок, односно едната нога преминува од петтата позиција во втората позиција во воздухот; втората нога ја стигнува првата во воздухот на тој начин што изведува удар(мавтање). Наизменичноto извршување на “brisé devant” започнува со ” croisé “во петтата позиција; “brisé derrière “се извршува слично со предната нога започнуавајќи движење и преминувајќи во“efface derriére”. Задната нога минува преку првиот” degagé efface devant”, ногата која е на крајот преминува нагоре за да дојде до предната нога и застанува во почетна петтата позиција. Тоа е патувачко движење; балерината изведува “assemble” позиција, потоа прави движење и ја менува петтата позиција во воздухот. Балерината може да вежба “petits battement” при подготовките за овој чекор.

Bras Croise Буквално "скрстени раце". Рацете се ставени така што, кога балерината се соочува со еден оо новодојдените на сцената, едната рака е протегната во втората позиција далеку од публиката и другата се врти во првата позиција (од Цечети четврта позиција “en avant”).

Bravura Светкав, ефектен и разработен стил на игра што вклучува многу сложени чекори и стилови кои се слични со музиката. Обично се изведува за време на клучните соло.

Bourrée

Зборот потекнува од стар француски танц кој е сличен на “gavotte”. Во балетот, ова означува брзо, дури и движења кои најчесто се направени во “pointe”, движењето кое навидум изгледа како мавтање.

C

Cabriole Што значи потскокнување. “Alegro” чекор во кој нозете се протегнати и се движат во воздухот. “Cabrioles” се поделени во две категории:”petite”, кои се изведуваат на 45 степени,и “grande”, кои се изведуваат на 90 степени. Ногата која се движи се втурнува во воздухот, а ногата која е под неа ја следи и ја удира на тој начин што и помага да премине повисоко во воздухот.Потоа задната нога помага во застанувањето на нозе на подот. “Cabriole” може да се направи во “devant, derrière и à la seconde” и во која било дадена положба на телото, како што се “croisé, лечење, écarté” и така натаму.

Chaînés Ова е вообичаена кратенка за “tours chaînés déboulés”, односно серија на брзи свртувања со промена на стапалата со непрекинато движење, или синџир, по права линија или круг. Вртењата се прават со нозете во мала, тесна прва позиција која се вика“releve”. Положбата на главата е наместена така за да се избегне вртоглавица во оваа и во сите вежби со вртење во балет. Тие се исто така познати како “chaînés tournes”. Во класичниот балет тоа се прави на “pointes” или “demi-pointes” (на стапалата на нозете).

Changement Буквално значење "to chasse – терање, бркање, потера". Скок во кој нозете ја менуваат позицијата во воздухот. На пример, со започнување во петтата позиција со десната нога напред, “plié “и “jump”, префрлање на десната нога кон задната, застанување на подот со левата нога напред во петтата позиција. Во речникот на Vaganova, “petit changement dе pieds” укажува на “changement “ каде нозете речиси и не го напуштаат подот.

Chassé Chassé, буквално "да се бркаат" Буквално значење "to chasse – терање, бркање, потера". Скок во кој нозете се движат напред, назад, и на страна и се свиткани, потоа со потскокнување во воздухот каде двете нозе се исправени и се сретнуваат во воздухот.. Тоа може да се направи и во галоп (како децата кога си замислуваат дека јаваат коњ) или со притискање на првата ногата по подот во” plié” да се направи скок со потскокнување нагоре. Овој чекор обично се наоѓа во серија, или пак со неколку од истите или во комбинација на движења.

Cloche, en Што значи "како ѕвоно". Се однесува на долгите движења кои се изведуваат последователно со “devant” и “derrière” во текот на првата позиција.( Види ги долгите движења во “en cloche”) Забелешка: Методите на Агрипина Ваганова во моментов се однесуваат на ова движење како "Passe ‘ la Jambe " и " Battement Passe ‘ lа Jambe" .

Coda / Кода

Буквално “опашка”. Исто како и во музиката, Кода е дел кој носи двожење или одреден дел до некој заклучок Во балетот кода обично е “Finale” – финале , танц кој е познат како “Grand Pas” или “Grand Pas d’action” во кој сите танчери се на сцената. Оние кои се подолги или сложени се нарекуваат “Grand coda”. Доколку се однесува на поголема група танчери , можат да се користат термините “Coda generale” или “Grand coda generale”. Има многу познати коди во балетот, меѓу кои и во балетот “Le Corsaire Pas de Deux”. Таканаречената “Black Swan Pas de deux” од балетот “Swan Lake” (Лебедово Езеро) ни отсликува една славна кода каде балерините изведуваат “32 fouettes en tournant”

Côté, de Движење од страна т.е. се користи за да покаже дека одреден чекор треба да биде изведен од страна, дали на десно или на лево .

Coupé

Што значи да се “to cut- пресече”. Купе е вооедно и чекор и дејство : Купе означува завршување, прекин или сменување на едната нога со другата, односно со помош на балетанките се префрла тежината од едната на другата нога преку затворена позиција, која најчесто е петтата, (најретко преку првата или третата). Најчесто е изведено одсо предна “sur le cou de pied” и задна “sur le cou de pied” или обратно. ( Позициите на “cou de pied” варираат значително , односно има разлика од еден метод до друг или од една балетска школа до друга ). Но исто така, може да биде изведено и од позиција во која ногата е протегната и е во “fondu” позиција или директно преку петтата позиција. Може да се изведе и во позиција во која ногата е затворена (ако танчерот заврши, прекине или падне додека ја менува едната нога со другата низ отворена позиција како втората или четвртата тогаш станува збор за “tombe” или “tombee”(паѓање). Во „Училиштето Ваганова“ овие термини за ова движење воопшто не се ни користат , со исклучок само кога прават подготовка на посебни алегра “allegros”. Почесто се користи “Tombé trough fifth position”. Во Соединетите Американски Држави , “Coupe” се меша со “Cou de pied” и со “Sur le cou de pied”.

Couru Означува изведување на мали и брзи чекори,в повеќето случаи листовите на ногта се едно до друго, и стапалата се во стегната петта позиција. “Couruing” може да се изведе или во “pointe” или во “demi pointe”. Движењето може да биде напред, наназад или и на двете страни. На пример, како што е во “pas de bouree couru”.

Corps de ballet Ансамбл (Целината) на една балетска дружина:посебно,целосното растојание од претставените танчери. Да се биде дел од ансамблот значи дека таа личност не е солист или пак има главна улога.

Croisé, croisée Буквалното значење на овој термин е вкрстени или пак пресечени. Еден од чекорите на “epaulement”. Балетанот или балерината стои на еден од аглите на сцената, неговото/нејзиното тело е накосено или навалено накај публиката. Ногата мора да биде ил и напред или назад. “ Croisé “ се користи во третата, четвртат и петтата позиција на ногата. Балерината / балетанот е во “croisé “ ако ногата која е напред е десната нога, и во овј случај се соочува со предниот-левиот агол на сцената (или од балетското студио), или обратно доколку предната нога е левата нога, а балерината/балетанот се соочува со неговиот/нејзиниот преден десен агол и во тој случај сепак станува збор за “croise”. Кога балерината/балетанот е во “croise” позиција треба да биде во средината така што публиката да може да ги види и нивните рамена и колковите.

D

Deboulé Брз редослед на половични завртувања со зачекорување на едната нога , а завршувањето на свртувањето е со застанување на другата нога, на тој начин шт балерината/балетанот отскокнува високо со помош на прстите и со нозете кои се доближени една до друга. Ова може да биде изведено во круг “en manege” или по права линија “chaine”.

Demi Detourné Половично завртување кое се изведува со двете нозе. Се почнува со десното стапало на напред во петтата позиција, во “demi pile” , а потоа се преминува во “demi pointe” додека се прави полукружно завртување, спуштајќи се низ “demi pile”. На овој начин стапалото ја менува својата позиција и левото стапало доаѓа напред. За да се заврши ова завртување, нозете се истегнуваат напред во петтата позиција. Ова најчесто се користи во “barre” кога се преминува од една на друга страна за време на вежбите на часевите.

Danseur Официјален термин за машки балетски танчер или поточно балетан. Машките танчери се познати и како “Ballerino”.

Danseur noble Високо квалификуван машки балетски танчер. Женската верзија за овој термин е прима балерина од италијанскиот назив “Prima ballerina “ или од францускиот јазик “danseuse”. “Danseur noble” не е само уште еден танчер во светот на балетот туку е некој кој веќе има добиено интернационални награди и признанија од меѓународните заедници за танц. Ве молиме погледнете и за балерина за подетално објаснување на овој термин . Поголемиот дел од момчињата и мажите кои играат класичен балет се нарекуваат само танчери.

Degagé

Да се ослободи или да се одвои. Движење кое е измеѓу “tendu” или “grande battement”, во кое стапалото полека го напушта подот.

Demi Овој термин значи половина “half”. Се применува во “pile” или во “pointe”, и во други движења каде означува помала и намлена верзија.

Derrière

На или од задната страна. На пример , “battement tendu derriere” е “battement tendu” земено од задната страна (point/face behind you- лице кое е позади тебе ).

Dessous Буквално значење на терминот е “under” или “под”. Се користи кога предната нога е позади другата нога, техника која е иста како во “assemble”, “pas de bourree” “glissade”.

Dessus

Буквално значење на терминот е “оver” или “над “. Се користи кога задната нога доаѓа напред пред другата нога во техники како што се “assemble”, “pas de bourree” и “glissade”.

Devant Буквално значење на терминот “front” или “напред “. На пример, “tendu devant” значи истегнување на стапалото нанапред , или пак “attitude devant” би значело изведување на “attitude” од предната страна .(point/face to front).

Développé Честа кратенка за “battement developpe”. Движење во кое најпрво ногата е подигната до “retire” позиција, а потоа е целосно издолжена и преминува низ “attitude” позиција. Може да се изведе и нанапред (“en avant”) , и од страна (“a la seconde”) и од назад (“derriere”).