Gerridae е семејство на инсекти од редот Hemiptera, попознати како газивода. Во согласност со класификацијата на Gerridae како инсекти од подредот Heteroptera, тие имаат уста еволуирани за касање и цицање, и се разликуваат со тоа што имаат необична способност да одат на вода. Тие се анатомски изградени за водата да може да ја издржи нивната тежина, овозможувајќи им да одат на површината на водата. Како резултат, може да се најдат присутни во голем број езера и реки. Опишани се над 1.700 видови Gerridae, од кои 10% се морски.[2]

Додека 90% од Gerridae се инсекти во слатководните реки, езера, итн., океанските Halobates го прават семејството прилично исклучително меѓу инсектите. Родот Halobates првпат било подлабоко проучен меѓу 1822 и 1883 година кога Бучанан-Вајт насобрал неколку различни видови за време на експедицијата „Челинџер“.[3] Истовремено, Ешолц открил три видови на Gerridae, привлекувајќи внимание кон видовите на Gerridae, иако малку од нивната биологија била позната. Оттогаш, Gerridae се изучуваат континуирано заради нивната можност да одат на вода и нивните уникатни социјални карактеристики. Мали Gerridae често биле грешени со другите инсекти што живеат близу до вода, Veliidae. Најконзистентна карактеристика што се користи за раздвојување на овие две семејства се разликите во внатрешните гениталии. Но бидејќи за да се испитаат внатрешните гениталии потребна е специфична обука и алатки, скоро е невозможно да се разликуваат со надворешен изглед. Треба да се проучат нивните живеалишта и однесување за правилно да се разликуваат без да се погледне во нивната специфична анатомија .

ОписУреди

Видео со газивода

Семејството Gerridae е физички карактеризирано со повлечени предкапични канџи и издолжени нозе и тело.[4]

Семејстовот Gerridae имаат мали влакненца со повеќе од илјада микровлакна на мм.[4] Целото тело е покриено со овие влакна, обезбедувајќи ја отпорноста на прскањата или капките на вода. Овие влакна ја одвраќаат водата, спречувајќи капки да тежат по телото.

ГолеминаУреди

Тие вообичаено се мали инсекти со долги нозе и должината на телото на повеќето видови е меѓу 2 и 12 мм. Неколку се меѓу 12 и 25 мм.[5] Меѓу раширените родови, Aquarius од Северната хемисфера ги вклучува најголемите видови, генерално надминувајќи 12 мм, барем кај женките, а најголемиот вид има просек од околу 24 мм.[6] Женките вообичаено се просечно поголеми од машките од сопствениот вид, но тоа е обратно кај најголемиот вид, релативно слабо познатите Gigantometra кои живеат на потоците во северниот дел на Виетнам и соседниот јужен дел од Кина. Обично достигнува должина на тело од околу 36 мм кај мажјаци без крилја и 32 мм кај крилестите женки (крилести машки, сепак, се само маргинално поголеми од женките). Кај овој вид секоја средна и задна нога може да надмине 10 цм.[7]

НаводиУреди

  1. Schuh R.T., Slater J.A. (1995). True Bugs of the World (Hemiptera: Heteroptera). Classification and Natural History. Cornell University Press, Ithaca, New York, USA. 336 pp.
  2. Lancaster, J.B.; Briers, R., уред. (2008). Aquatic insects: challenges to populations. CABI. стр. 23, 270, 284.
  3. Cheng, L. (1985). „Biology of Halobates (Heteroptera: Gerridae)“. Annual Review of Entomology. 30 (1): 111–135. doi:10.1146/annurev.en.30.010185.000551.
  4. 4,0 4,1 Ward, J.V. (1992). Aquatic Insect Ecology: 1. Biology and habitat. New York: Wiley & Sons. стр. 74, 96, 172, 180.
  5. Andersen, N.M. (1997). „A phylogenetic analysis of the evolution of sexual dimorphism and mating systems in water striders (Hemiptera: Gerridae)“. Biological Journal of the Linnean Society. 61 (3): 345–368. doi:10.1006/bijl.1996.0130.
  6. Damsgaard, J.; Zettel, H. (2003). „Genetic diversity, species phylogeny and historical biogeography of the Aquarius paludum group (Heteroptera: Gerridae)“. Insect Systematics & Evolution. 34 (3): 313–328. doi:10.1163/187631203788964791.
  7. Tseng, M.; Rowe, L. (1999). „Sexual dimorphism and allometry in the giant water strider Gigantometra gigas“. Canadian Journal of Zoology. 34 (6): 923–929. doi:10.1139/z99-071.

Надворешни врскиУреди