eMule во основа е peer to peer (Локална мрежа каде не постои податотечен опслужувач и секој јазол приклучен на мрежата има рамноправен пристап до мрежните ресурси и до сите други работни станици во мрежата. Секој јазол може да биде и клиент и опслужувач) размена на податотеки,апликација наменета за Microsoft Windows. Започнато во мај 2002 г. Како алтернатива на eDonkey.ЕMule за поврзување ги користи двете мрежи eDonkey2000 network (познато како eD2k) и Kad network. Особините на eMule се директно разменување на ресурси помеѓу изворот и клиентите,брза поправка на расипани податотеки,а пак оние кој прават најголем upload сообраќај eMule кредит систем им дава посебно признание како награда,освен тоа eMule пренесува подаоци во zlib (zlib e софтверска библиотека користена за компресирање на податоци) компресирана форма за да го зачува пренесеното количество на податоци. eMule е програмиран во Microsoft Visual C++ користејки го Microsoft Foundation Class Library.Исто така eMule во јули 2002 г. премина на бесплатен софтвер,под заштита на GNU General Public License. За многу кратко време стана популарен,и кодот на eMule бил испрограмиран и за Linux клиенти наречен xMule,а нешто подоцна и за останатите платформи –клиент наречен aMule

eMule
Најново издание:v0.49c / 22 февруари, 2009
ОС:Microsoft Windows
Достапни јазици:Multilingual (52)
Намена: Peer-to-peer file sharing
Лиценца:ГНУ-ова општа јавна лиценца
Мреж. место: www.emule-project.net

Историја

уреди

Проектот eMule е започнат на 13 мај 2002 г. од страна на Hendrik Breitkreuz (познат како “merkur”)кој бил незадоволен од eDonkey2000 клиентот.За кратко време неколку произведувачи се приклучија на трудот на Hendrik Breitkreuz.Првата верзија 0.02 била издадена од страна на SourceForge на 6 јули 2002 г.Првата офоцијална бинарна верзија била издадена на 4 август 2002 г. како верзија 0.05a. “Kредит системот” за првпат е воведен на 14 септември 2002 г. А пак мрежната страница стартувана е на 8 декември 2003 г.Започнувајки од тогаш eMule е преземено 360 милиони пати заклучно до 15 октомври 2007 г.Тоа го направи eMule нај преземан проект од SourceForge.

Современи случувања

уреди

На сегашната верзија на eMule (v0.40+) е додадена поддршка за Kad network.Оваа мрежа е применувана од Kademlia протоколот (Kademlia е Distributed hash tables (DHTs)-децентрализиран систем за децентрализација на peer to peer мрежите создаден од страна на Petar Maymounkov и David Mazières)кој не се смета за централен опслужувач како што е eDonkey мрежата,но тој има применување во Distributed hash tables (DHTs) Во новата верзија додадена е опцијата "Bad source list".Апликацијата ги додава адресите на неуспешните конекци во листата "Bad source list".Откако ќе ја додаде во листата апликацијата таа адреса ја смета за "мртва” адреса.Невозможните IP-адреси се блокирани за временски период од 15 до 45 минути.Некој од корисниците изразуваат незадоволство бидејќи банираните адреси го намалуваат изворот, а подоцна ја намалуваат брзината на преземање. Во верзијата 0.46b како новост додадена е можноста за создавање и управување со "eMule collection" податотеките,тоа се врски кој се во план понатаму да бидат преземени Во верзијата 0.47b додадено е protocol obfuscation-апликацијата автоматски ќе сетира 2 порти,уште од самиот старт на програмата. eMule сега се смета за стабилен производ,пет до шест месеци за сега е типичен интервал за извадок на нова верзија.Последна верзија на eMule е 0.49c која е промовирана на 22 февруари 2009 г. Во септември 2007 година многу eDonkey опслужувачи се исклучени поради користење на нелегални материјали.eMule е комплетно функционално со користење на Kad Network.

Оригинално и лажно мрежно место

уреди

eMule како бесплатен софтвер може да биде користен и редистрибуиран без никакви обвинениа.На почетокот корисниците можеа да го преземат производот само преку официјалното мрежно место http://www.emule-project.net/ За кратко време се појавиа неколку лажни мрежни страници за преземанње на производот како што е www.emule.com која ќе те праша да напишеш 900 броеви за време на инсталацијата и на крај ќе те извести да платиш за некој инсталационен код.Постапката при инсталирање е премногу слична со оригиналната постапка.Ова е друго лажно мрежно место www.emule.org која пак ја бара вашата E-MAIL адреса за да станете член,па потоа да можете да го преземете производот

Основна концепција

уреди

Секоја податотека којшто е споделен со eMule е измешан користејки MD4 алгоритам (MD4 порака,преглед алгоритам-4та верзија создаден од страна на Професор Ronald Rivest во 1990 година).На нјвиоко ниво од MD4 мешаницата се: податотеката,големината,името на податотеката и уште неколку второстепени особини како што се bit rate и кодекот којшто се зачувани на eD2k опслужувачите и на неколку КАД мрежи. Корисниците ќе можат да бараат имиња на податотеки во опслужувачите/кад и ако се присутни со тоа име,тоа е единствен идентификатор за пронаоѓање на податотека од највисокото ниво на MD4-мешаницата, а големината потоа ќе биде прикажана во зависност од податотеката. Клиентот потоа го прашува опслужувачот каде другите клиенти ја користат мешаницата.опслужувачот враќа сет од IP-адреси и портови кој ги вклучуваат локациите на клиентите што го делат податотеката. eMule потоа чека на слободен слот за испраќање. Кога податотеката е преземена, се презема и дополнително парче од 9500 килобити кое потврдува дека овој податок е споделен со симнувачот кој исто така помага на другите кориници да ја преземат податотеката. Исто така возможно е клиентите да ги знаат другите клиенти кој ја споделуваат податотеката. Новата верзија на eMule поддржува AICH - Advanced Intelligent Corruption Handling. Тоа значи да се напраи ракувањето на грешките што се појавуваат во податотеките на eMule конкурентно со BitTorrent

Корисниците кој неможат да бидат достигнати од надвор бидејќи тие се firewalled (firewall е апликација која врши контрола на остварениот мрежен сообраќај) заштитени, нивните IP-адреси завршуваат на 0 (123.45.67.0) тие од опслужувачот добиваат статус "Low ID". Тие ја имаат можноста за испраќање и преземање на податоци,но потребна им е помош од опслужувачите или некој друг KAD клиент. Од тогаш тоа не може да бидат препознаено тие имаат предност бидејќи се дел од појдовниот сообраќај.Потоа тие неможат да се поврзат на било кој други Low ID клиенти,тие гледаат 40%-60% од клиентите за разлика од High ID клиентите што моѓат да видат. Нивните IP/порти не се променети помеѓу другите разгледувачи,ограничувајки ги нивните можности за пребарување на извори преку eMule вистински – P2P извор на размена. Low ID клиентите на еден опслужувач во основа потрошуваат многу повеќе податоци,остваруваат поголем сообраќај за разлика од правото на High ID клиентите.

Кредит систем

уреди

Клиентите обично не симнуваат од изворот веднаш послем остварување на контакт,мора да чека ред во изворите-кога појдовен сообраќај ќе биде овозможен.Кредит системот се употребува за унапредување на оние кој остваруваат најмногу појдовен сообраќај.Клиентите се идентификувани со помош на “secure hash” .Клиентите ќе имаат дозвола да вршат трансвер 10 пати поглем за разлика од останатите клиенти кој не се во кредит системот.Сите клиенти кредитите ги зачувуваат на компјутерите на опслужувачите кај што се приклучени,подобро отколку да е на неговиот или нејзиниот компјутер.Ова го спречува расипување на сопствените кредити.

Пресметување на формулата на офоцијалниот кредит систем:[1]:

 
 

Двата размера се споредени и помалиот се користи како модификатор

  • Ако појдовниот сообраќај е помал од 1мб модификаторот останува на 1.
  • Ако е остварен само појдовен сообраќај кај клиентот без никаков дојдовен,модификаторот ќе биде фиксиран на 10.
  • Модификаторот може да биде само помеѓу 1 и 10.

Многу повеќе кредит системи постојат во другите модови.

Со исклучок на ова правило коага клиентот е назначен во списокот на пријатели, тоа автоматски назначува дека клиентот има резервирано појдовен слот.Само 1 пријателски слот може да се резервира за 1 клиент за да се спречи каква било форма на злоупотреба од тој тип. [2].

eMule has a resizable dialog that has the following tabs (windows) available. GUI поддржува скинови,а редоследот на копчиња може да биде променет. Следниве функции се видливи во различни табови:

  • Servers. Во овој дел е прикажан краток преглед на опслужувачите на кој мжеш да бидеш поврзан,и го прикажува статусот на мрежата.
  • Transfers. Разгледувачите кој се активни си го знаат нивниот статус.Во овој дел ќе бидат прикажани развојот на дојдовниот,појдовниот сообраќај и познатите клиенти.
  • Shared files. Сите податотеки којшто се споделени се прикажани тука.
  • IRC. eMule содржи едноставен IRC клиент за четување на IRC.
  • Kad. Kad прозорот е екран кој главно се користи за отстранување на грешки од KAD мрежата.
  • Preferences. Привилегиите содржат регулирања кој можат да го променат начинот на работаta на eMule.

Во прозорецот Transfers се наоѓаат три други параметри: Rating,Score и Queue Rank

  • Rating се користи како дел од решението за надоместок на бодовите на клиентите кој чекаат.Секој клиент по стандард добива по 100 бода,во зависност од тоа колку податотеки има споделено,и колку има остварено појдовен сообраќај. Види Docs
  • Score е краен резултат на добиената вредноста.На клиентите кој чекаат бодовите им се рангирани по редослед од најголеми до најмали,на списокот на клиенти чекајки за појдовен сообрќај-тие со повеќе бодови имаат предност.
  • Queue Rank, Rank скратено “QR”,тоа ја означува позиција на клиентите по редослед кој колку вредност дал.За тоа не се доделува ранг или бодови.Тоа е ранк на корисниците којшто е решение за неговите/нејзините бодови.

Предности на eMule

уреди

Една од предностите на eMule е големата користеност,моментално има околу 20 милиони корисници што го прави eMule одлична програма преполна со податоци,тоа кажува дека ќе биде најкомплетно применување на ed2k протоколите.eMule поддржува AICH технологија - Advanced Intelligent Corruption Handling со што се овозможува успешно ракување на грешките кој се појавуваат во податотеките на eMule конкурентно со BitTorrent.Исто така eMule поддржува размена на извори.eMule може да подржи изворите на податотека да бидат потполно независни послем исклучување од мрежата на ED2K и KAD.

eMule модови

уреди

Како популарна Open Surce програма,eMule има неколку варијанти познати како mods.Некој модови започнати се како разгранување на eMule кодот и потоа се развива независно од официјалната верзија.Како најпопуларен мод од овој тип е eMule Plus,иако не ги поддржува KAD мрежите.Другите модови ги следат официјалните eMule изданија, и прават нивни изданија засновани на официјалните верзии.Понекогаш новопромовираните одлики подоцна се наоѓаат себеси во официјалната верзија.[3]

Наводи

уреди

Корисни врски

уреди