Хорватово ѕвонче

(Пренасочено од Edraianthus horvatii)
Хорватово ѕвонче
Edraianthus horvatii
Научна класификација
Царство: Plantae
Оддел: Tracheophyta
Класа: Magnoliopsida
Ред: Asterales
Семејство: Campanulaceae
Род: Edraianthus
Вид: Edraianthus horvatii

Хорватово sвонче (Edraianthus horvatii) — локален ендемичен вид растение во Националниот парк Галичица.[1]

Опис

уреди

Ризомот е долг, кос и во горниот дел покриен со остатоци од изумрени листови. Стебленцата издигнати, поретко исправени или полегнати.

Листови

уреди

На розетата 1-3 x 1–2 mm, од долната страна влакнести, а по работ трепчести и со заострен врв. Листовите на стеблото 1-2 x 1-2mm, одоздола влакнести и по работ трепчести.

Цветови

уреди

Брактеите округли, јајцевидни или јајцевидно-ланцетни, надворешните малку подолги, а внатрешните кратко заострени, 5-10 x 2–3 mm, од надворешната страна влакнести. Чашката 3–7 mm,влакнеста. Венчето сино или сино-виолетово, цилиндрично sвончевидно, 1-1,5 mm долго, слабо, влакнесто.

Плод

уреди

Најчесто двограден. Семенките јајцевидни, околу 1 x 0,6 mm.[1]

Екологија

уреди

Екосистемите на планинските пасишта на карбонатни супстрати од редот Astragalo- Acanthometalia Horv. 60, поретко и во заедниците на пукнатини на варовнички карпи од сојузот Ramondion nathaliae Horv.[1]

Распространетост

уреди

Алпскиот и субалпскиот појас на варовничките планински масиви во јужна Македонија, северна Грција и источна Албанија.

  • Стара Галичица; во околината на „Казанот”, на варовнички карпи. 2080 m (leg. K. Micevski) (MKNH)
  • Стара Галичица; во појас на високопланински пасишта, на варовнички камењари и карпи, 1800–290 m (leg. K. Micevski) (MKNH).[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Lakušić,Godis Biol.Inst.Univ.Sarajevo,26:44-4 (1973)