Dockville е музички и ликовен фестивал на најголемиот европски речен остров, квартот Вилхелмсбург во Хамбург. Спонзориран е од германската Internationalen Bauausstellung (IBA) и за првпат се одржал во 2007. Многу делови од фестивалската површина се наоѓаат директно на реката Елба, во делови кои не се заштитени од поплави.[1] Карактеристично за фестивалот е комбинацијата од музика и ликовна уметност.

Dockville
Локација Вилхелмсбург, Германија
Години активност 2007 – денес
Основачи Ено Арнт
Датум август
Жанр музика, ликовна уметност
Портал www.dockville.de (германски)

Во 2007, кога фестивалот се одржал по првпат, имал 5.000 посетители. Музички предводници биле германските бендови 2Raumwohnung и Tocotronic. Уметнички директор бил германскиот сликар Даниел Рихтер.

Оваа година фестивалот траел три дена. Започнал на 15 август (петок), а завршил на 18 август (недела). Предводници биле германските и британските бендови The Ting Tings, Deichkind, Fettes Brot и Television Personalities. Германскиот сликар Даниел Рихтер бил главен за уметничката програма.

Германскиот весник Hamburger Abendblatt известил, дека околу 10.000 луѓе го посетители фестивало и дека програмата и инфраструктурата се подобрени.[2]

2009 фестивалот се одржал на истото место како порано од 14 до 18 август. Музички предводници биле MGMT, Turbonegro и германските бендови Kettcar, Element of Crime и The Whitest Boy Alive. Повторно имало комбинација на музика и работа на ликовни уметници. Јавниот радиски и телевизиски сервис Norddeutscher Rundfunk и германскиот весник Hamburger Abendblatt известиле дека 15.000 луѓе го посетиле фестивалот вториот ден, воедно истакнувајќи дека се појавиле определени логистички проблеми.[3] [4]

Наводи

уреди
  1. Слики од фестивалската површина на flickr
  2. „Pop, Art, Party und ein bisschen Ponyhof“; статија од весник за фестивалот во 2008 (германски)
  3. „Dockville-Festival: Tausende feiern in Wilhelmsburg; [[Norddeutscher Rundfunk]] статија за фестивалот во 2009 (германски)“. Архивирано од изворникот на 2009-08-17. Посетено на 2011-12-11.
  4. Ein Gefühl wie beim endlosen Sommer - Dockville: Besucherrekord und tolle Stimmung; статија од весник за фестивалот во 2009 (германски)

Надворешни врски

уреди