Discord (се чита: Дискорд) — меѓуплатформски сопствен систем за миговни пораки (месинџер) со поддршка на VoIP и видеоконференции, наменет за употреба од различни заедници по интерес. Системот е најпопуларен меѓу играчите и студентите. Инвеститорот е Discord Inc. (поранешен Hammer & Chisel) од Сан Франциско.[5] Тоа е настолна клиентска примена, заснована на рамката Electron и спроведена за Windows, macOS и Linux, мобилна примена е за андроид и iOS, а има и веб-клиент. Месинџер-опслужувачите се наоѓаат во 11 центри за податоци во различни делови на светот. Од 13 мај 2019 г., повеќе од 250 милиони учесници биле регистрирани во месинџерот, со просечно месечно онлајн присуство од 56 милиони корисници.[6]