Voice over IP
Voice over Internet Protocol, или VoIP, IP-телефонија, интернет-телефонија, Broadband-телефонија, Broadband-телефон или Voice over Broadband претставува насочување на говорен разговор преку Интернет односно преку IP-засновани мрежи.
Компаниите кои обезбедуваат VoIP услуги се нарекуваат услужници, додека протоколите кои се користат за пренос на говорните сигнали преку IP мрежата се нарекуваат Voice over IP или VoIP протоколи. VoIP - VoIP разговорите вообичаено се бесплатни додека за VoIP - PSTN разговорите најчесто се плаќа одреден надомест.
Постојат два типа на PSTN - VoIP услуги: DID (Direct Inward Dialing) и пристапни броеви.
- DID врши директна врска на повикувачот со VoIP корисникот. Оваа услуги најчесто се заснова на месечна претплата.
- Услугата на пристапни броеви бара од повикувачот да внесе пристапен број на VoIP корисникот. За оваа услуга потребно повикувачот да плати одредена сума која вообичаено е на ниво на цената на локален разговор, додека VoIP корисникот не плаќа ништо.
Функционалност
уредиVoIP ја олеснува комуникацијата која на традиционален начин вообичаено се одвива отежнато.
- Повиците автоматски се рутираат до VoIP телефонот, без разлика каде сте поврзани на мрежата. Можете да го понесете вашиот VoIP телефон со себе и кога сте поврзани на Интернет можете да го користите.
- Постојат слободни телефонски броеви во САД, Британија и други земји кои може да се користат за VoIP комуникација
- Извонредно се погодни за т.н. калл центри
- Постојат голем број на улуги кои повеќето телекомуникациски компании кои нудат PSTN сервиси речиси и не можат да ги обезбедат или се наплаќаат дополнително: пренасочување на повик, автомастко бирање, идентификација и сл.