Модем за дигитална претплатничка линија

(Пренасочено од DSL modem)

Модем за дигитална претплатничка линија (анг: digital subscriber line modem, DSL modem) е уред кој се користи за поврзување на компјутерот или преклопникот со телефонско коло кое има конфигурирано сервис за дигитална претплатничка линија. Како и другите модеми, така и овој претставува еден вид на трансивер. Се нарекува и DSL трансивер (за ADSL Transceiver unit-remote). Акронимот NTBBA, кој е кратенка за адаптер со широк опсег за прекинување на мрежа, е исто така чест во некои земји.

Westell Model 6100 AXXDSL модем

Некои ДПЛ модеми можат да ја управуваат и делат услугата во мрежа, во овој случај, се нарекуваат ДПЛ преклопници или residental gateway. ДПЛ преклопниците имаат компоненти кои изведуваат врамување, додека други компоненти изведуваат Асинхрон трансфер мод сегментација и составување, IEEE 802.1D премостување и/или IP насочување. Типични интерфејси се Ethernet и Universal Serial Bus (USB). Иако ДПЛ модемот работејќи како мост нема потреба од IP-адреси, може да има една, доделена за менаџерски цели.

Споредба со voice-band модем уреди

ДПЛ модемот ги модулира високо феквентните тонови за трансмисија до мултиплексер за дигитална претплатничка линија (DSLAM) и обратно, ги прима и демодулира од DSLAM. Служи за истата цел како и voice-band модем, кој беше главен во последните години од дваесеттиот век, но се разликува од него на важни начини.

  • DSL модемите пренесуваат податоци со стапка од 10 до 20 пати поголема од voice-band модеми.
  • Една телефонска линија може да се користи за истовремен пренос на глас и податоци со DSL модем, додека voice-band модемот исклучува истовремен сообраќај на глас.
  • Повеќето DSL модеми се надворешни уреди поврзани со етернет порта на компјутерот или понекогаш и USB порта. Интерните DSL модеми со PCI интерфејс се ретки, но достапни.
  • Microsoft Windows и други оперативни системи не ги препознаваат надворешните DSL модемите кои се поврзани преку етернет, и затоа немаат јазиче „Својства“ или други интерни методи за конфигурирање. Ова е така бидејќи трансивер и компјутер се сметаат за посебни делови од LAN, наместо дека трансиверот да е уред контролиран од компјутер (како што се камери, глувче, тастатура и др.). Насочувачите можат да бидат конфигурирани рачно, користејќи мрежно место обезбедено од страна на модемот преку етернет портата на која што е приклучен. DSL модемите ретко треба да се конфигурираат, бидејќи се дел од физичкиот слој на компјутерската мрежа, едноставно проследувајќи податоци од еден медиум (CAT5) до друг (телефонска линија).
  • Надворешните DSL модеми поврзани преку USB, Microsoft Windows и други оперативни системи генерално ги препознаваат како контролори на мрежен интерфејс.
  • За интерните DSL модеми, Microsoft Windows и други оперативни системи обезбедуваат интерфејси слични на оние обезбедени за voice-band модеми. Ова е засновано на претпоставката дека во иднина како брзината на CPU се зголемува, интерните DSL модеми можат да останат по распространети.
  • DSL модеми користат честоти од 25 KHz до повеќе од 1 MHz, за да не се меша со гласовната услуга кој е првенствено 0-4 KHz. Voice-band модеми го користат истиот спектар на честоти како и обичните телефони, и ќе се меша со гласовната услуга, обично е невозможно да се оствари телефонски повик на линија која веќе се користи од страна на voice-band модем.
  • DSL модеми варираат со брзина на пренос на податоци од стотици килобитови во секунда до многу мегабитови, додека voice-band модемите се номинално 56К модеми, и всушност се ограничени приближно до 50 кbit/s.
  • DSL модеми разменуваат податоци само со DSLAM, со кој се поврзани, кој за возврат ги поврзе со Интернет додека повеќето од voice-band модеми можат да се поврзат насекаде во светот.
  • DSL модеми се наменети за посебни протоколи и понекогаш не работат на друга линија, дури и ако е од истава компанија, додека повеќето voice-band модеми користат интернационални стандарди и можат да најдат стандард кој ќе одговара.

Повеќето од овие разлики се од мал интерес на потрошувачите освен поголемата брзина на DSL и можност да се користи телефонот дури и кога компјутерот е онлајн.

Бидејќи единствена телефонска линија често пренесува DSL и глас, DSL филтри се користат за да ги оделат двете услуги.

Хардверски компоненти уреди

 
ADSL модем

Како што напреднува технологијата, функциите кои се овозможени од повеќе чипови можат да бидат интегрирани во еден чип. Повисоко ниво на интегрираност му е од корист на DSL како и на други компјутерски хардверски компоненти. DSL модеми го бараат следново за нивните операции; (точно како што е означено на картичката и како тоа може да се смени со подобрување на технологијата):

  • Напојување: Трансформатор и Кондензатор
  • Врска и моќ на кола ( на пример USB, PCI, Етернет)
  • DSL пумпа за дигитални податоци
  • DSL аналоген чип и линиски драјвер
  • Микроконтролер
  • Филтер
  • Транзистор

Одлики на услугата уреди

Освен поврзување со DSL сервис, повеќето модеми нудат дополнителни интегрирани функции кои го формираат излезна порта (residental gateway):

  • ADSL2 или ADSL2+ поддршка
  • Функционалност на рутет што вклучува транслација на мрежна адреса (NAT) за делење на единечна IPv4 адреса.
  • 802.11b, 802.11g или 802.11n безжична пристапна точка
  • Вграден прекинувач (обично 4 порти)
  • Прекинување на виртуелна приватна мрежа
  • DHCP опслужувач
  • Динамички DNS клиенти
  • Функционалност на интернет протокол вклучувајќи квалитет на услуга (приоритет за контрола на проток на податоци меѓу корисници)

Многу DSL модеми дозволуваат надградба за поддршка на дополнителни одлики или поправање на постоечки проблеми. Ова може да се врши преку мрежата или со користење на посветена сериска врска.

Погледни исто така уреди

Надворешни врски уреди