Главотиси

фамилија на четинари од родот на боровидните
(Пренасочено од Cephalotaxaceae)
Главотиси
Јапонска главотиса
(Cephalotaxus harringtonii)
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Четинари
Класа: Четинари
Ред: Боровидни
Семејство: Главичести тиси
Neger
Родови

ресичеста тиса (Amentotaxus)
главотиса (Cephalotaxus)
оревна тиса (Torreya)

Главотисите или „главичести тиси“ (науч. Cephalotaxaceae) — мала семејство на четинари што опфаќа три рода со вкупно 20 вида. Овие растенија се во блиско сродство со тисите (Taxaceae), дотолку што некои стручњаци ги сместуваат во таа група. Ограничени се на источна Азија, со исклучок на оревната тиса (Torreya) која вирее на југозападот и југоистокот на САД. Фосилните наоди укажуваат на тоа дека во праисторијата биле распространети и на северната полутопка.

Ова се многуграни мали дрвца и грмушки, со зимзелени листови во спирален распоред, често усукани во основата и изгледаат како двојни. По облик се прави до копјести, со светлозелени или бели линии на опачината. Растенијата се еднодомни, подеднодомни или дводомни. Машките шишарки се долги 4-25 мм и испуштаат полен на почетокот на пролетта. Женските имаат поосновен облик со една до неколку плодни лушпи, на секоја по една семка. При зреењето на семката, лушпата се претвора во месеста обвивка и наполно ја обвиткува семката. Зрелата обвивка е тенка, мека и смолеста, по боја зелена, виолетова или црвена. Секоја плодна лушпа е посебна, така што шишарката се претвора во кратко стебленце со една до неколку семки налик на бобинки. Со нив се хранат птиците или други животни, кои потоа ги разнесуваат семките во изметот неоштетени. Сепак, механизмите на расејување на семките сè уште не се истражени.

Надворешни врски

уреди

http://www.conifers.org/ce/Cephalotaxaceae.phpАрхивирано на 12 јуни 2012 г.

  • „Главотиси (Cephalotaxaceae)“. База на голосеменици. 12 декември 2010. Архивирано од изворникот на 2012-06-12. Посетено на 16 март 2012. (англиски)