Capture One (се чита: Кепчр Уан; исто така познато како Capture One Pro, C1Pro или уште по кратко C1 од страна на корисниците) е професионалнен raw converter односно уредувач на фотографии, кој е развиен од страна на Phase One компанијата од Данска. Наменета му е обработување на големи количини на професионални RAW материјали кои треба да бидат брзо и ефикасно обработени во bitmap фотографии. Capture One е компатибилен да прави конверзии од camera raw формати на податотеки во на пример најпознатите TIFF и JPEG податотеки како и други не толку користени, и поддржува воедно е и најдобриот до сега во фотографирање преку компијутер.[1] Се користи аматерски и професионално.

ПрограмериPhase One
Стабилно издание11.0.1.30 / 20 јануари 2018; пред 6 години (2018-01-20)
Опер. системWindows, macOS
Видобработка на фотографии
Лиценцасопствен
Мреж. местоphaseone.com/captureone/

Особености

уреди

Најновата верзија е верзијата 11.0, која е достапна и за двете macOS и Microsoft Windows платформи под Capture One Pro 11. За сопствениците на дигитални грбови (digital backs) од Phase One, Mamiya, и Leaf, софтверот е бесплатен и се нарекува Capture One DB (digital back only). Сопствениците на Sony дигитални камери може да го користат за Фотографирање Capture One Express Sony за бесплатно (надградби на целосната верзија, Capture One Express Sony Pro Sony, е достапен за купување). Capture One е адаптиран, за кинески (поедноставен), чешки, англиски, француски, германски, италијански, јапонски, корејски, шпански и шведски јазик.

Одлики на филмско зрно, исправка со слоеви, локални исправки, исправка на грешките, црна-бело претворање, способност да се печати директно од Capture One, Profoto студио додаток, Profoto има интеграција со фотографирање и осветлување , iPad и iPhone безжично контролирање преку Фотографирање со Пилот апликација,[2][3] намалување на шум, колор исправка, бришење на точки, (висок динамички опсег ВДО) - HDR алатки, алатки за леќи и изострување.

SoftwareHow v10.1 заклучи дека програмата „е импресивна алатка, со високо ниво на квалитет и професионално уредување на слики. За повеќето корисници, е малку премногу моќен за секојдневна употреба, но ако имате потреба највисок квалитет ова е вистинското парче софтвер.“[4]

Наводи

уреди
  1. „Capture One“. Luminous Landscape. Посетено на 6 јануари 2016.[мртва врска]
  2. „New features in Pro 9“. Архивирано од изворникот на 2015-12-22. Посетено на 6 јануари 2016.
  3. „Review Capture Pilot v1.2 With Camera Control“. Посетено на 6 јануари 2016.
  4. Boldt, Thomas. „Capture One Pro Review 2017: The Gold Standard for RAW Editing?“. Посетено на 11 август 2017.

Надворешни врски

уреди