Калатеја зебрина

(Пренасочено од Calathea zebrina)

Калатеја зебрина (Calathea zebrina) — вид на растение од семејството Marantaceae, потекнува од југоисточен Бразил.[1][2][3] Под синонимот Goeppertia zebrina, ова растение се здобило со Награда за градинарски заслуги на Кралското хортикултурно здружение.[4][5]

Калатеја зебрина
Калатеја зебрина

Етимологија

уреди

Латинскaтa биномна номенклатура зебрина значи „со ленти како зебра“.[6]

Опис

уреди

Тоа е зимзелено повеќегодишно растение, кое расте до еден метар. Долгите стебленца до 30 см носат елипсовидни лисја од 45 см или подолги. Листовите се темно зелени одозгора, темно црвени одоздола, боцките, вените и рабовите се гравирани во зелена боја.

Одгледување

уреди

Тоа е растение на кое му е потребно минимална температура од 16 °C, и во умерени области се одгледува во затворен простор како домашно растение. Нормалната собна температура, што е околу 20 °C, е соодветна температура за ова растение во текот на целата година. Претпочита место убаво осветлено, но не толерира директно сонце. Почвата треба да се одржува влажна во текот на летото, кога не може да толерира суша. Прихраната може да се дава секоја втора недела во текот на сезоната на растење од пролет до есен, но без додаток во текот на зимата. За да им дадете на растенијата пријатна влажност, може да се тушираат со млака вода што е можно почесто. Пресадувањето се одвива кога е потребно во текот на пролетта.[7]

Наводи

уреди
  1. Rafinesque, Constantine Samuel. 1838.
  2. John Lindley.
  3. Sims, John. 1817.
  4. Goeppertia zebrina. www.rhs.org. Royal Horticultural Society. Посетено на 15 July 2020.
  5. „AGM Plants - Ornamental“ (PDF). Royal Horticultural Society. July 2017. стр. 43. Посетено на 3 March 2018.
  6. Harrison, Lorraine (2012). RHS Latin for Gardeners. United Kingdom: Mitchell Beazley. ISBN 978-1845337315.
  7. RHS A-Z encyclopedia of garden plants. United Kingdom: Dorling Kindersley. 2008. стр. 1136. ISBN 978-1405332965.