CSMA/CD
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Повеќекратен пристап со преслушување на носители за откривање на судири CSMA/CD (англиски: Carrier sense multiple access with collision detection) е метод на пристап во сметачките мрежи во кој:
- се користи шема на преслушување на носители.
- станицата за пренос на податоци која детектира друг сигнал додека пренесува рамка ќе престане со пренесувањето на таа рамка, ќе го пренесе блокираниот сигнал, а потоа чека случаен временски интервал пред обидот да се прати таа рамка повторно.
CSMA/CD e модификација на повеќекратниот пристап за пренесување на носители (CSMA).CSMA/CD се користи за да се подобрат перформансите на CSMA, така што ќе се прекине преносот штом судирот е откриен со што се намалува можноста за обид за појавување на втор судир.
Опис
уредиCSMA/CD е метод на пристап на второ ниво, а не проткол на OСИ моделот. Кога некоја станица сака да испрати некои информации таа го користи следниов алгоритам[1]
Главна постапка
уреди- 1. Подготвена рамка за пренос.
- 2. Дали медиумот е некативен? Ако не чекај додека не стане подготвен.
- 3. Започни пренесување.
- 4. Дали се случи судир? Ако е така премини со постапка за откривање на судирот.
- 5. Ресетирај ги бројачите за ретрансмисија и заврши го пренесот на рамката.
Постапка за откривање на судири
уреди- 1. Продолжи го преносот додека минималното пакет време е постигнато да се осигура дека сите приемници го откриле судирот.
- 2. Зголеми го бројачот за ретрансмисија.
- 3. Дали е постигнат максималниот број на обиди за пренос? Ако да, прекини пренос.
- 4. Пресметај и чекај случаен backoff период врз основа на бројот на судири.
- 5. Повтори ја главната постапка почнувајќи од фаза 1.
Ова може да се спореди со она што се случува на вечера, каде што сите гости зборуваат еден со друг преку заеднички медиум (воздух). Пред да почне со зборување секој гостин учтиво чека неговиот соговорник да заврши. Ако двајца гости почнат да зборуваат во исто време, двајцата ќе запрат и ќе почекаат кратко случајно време (во Етернет, ова време се мери во микросекунди). Се очекува дека по ова кратко случајно време двајцата гости нема да започнат да зборуваат повторно во исто време, со што ќе се избегне друг судир.
Методите за откривање на судири се зависни од медиумот, но на електричена магистрала како што се 10BASE-5 или 10BASE-2, судирите можат да бидат откриени со споредување на пренесените податоци со примените податоци или со препознавање на повисокиот од нормалниот сигнал на амплитудата во магистралата.
Апликации
уредиCSMA/CD се користи во топологијата магистрала, Етернет варијанта, и во раните верзии на усучени парици Етернет(англиски: twisted-pair Ethernet). Современа Етернет мрежа изградена со преклопници и/или full-duplex врска повеќе не користи CSMA/CD. IEEE Std 802.3, со кој се дефинираат сите Етернет варијанти, од историски причини уште го носи насловот "Повеќекратен пристап со преслушување на носители за откривање на судири(CSMA/CD), метод на пристап и спецификации на физичко ниво".
Варијации на концептот се користат во радиофреквенциски системи што се потпираат на делење на честотата, вклучувајќи Automatic Packet Reporting System.
Наводи
уреди- ↑ Tanenbaum, Andrew S. (2003). Computernetwerken (Computer Networks) (Fourth. изд.). Pearson Prentice Hill. ISBN 90-430-0698-X.