Цирка

(Пренасочено од C.)

Цирка (лат. circa, ц., c., ca., ca or cca. е латински поим со значење „приближно“ (букв. „околу“), и се однесува на датуми и години. Наоѓа широка примена во генеалогијата и историографијата (т.е. дела на историчари), кога времето во кое нешто се случило се знае само приближно.

Кога се применува кај датуми и години со временски опсег, цирка се применува пред секој датум и година. Датумот и годината пред кој не стои цирка се смета дека е точно познат.

На пример, една енциклопедиска статија за Џингис Кан може да почне со „Џингис Кан (ц. 1162 — 18 август 1227)“, што значи дека дотичниот е роден околу 1162 година. Годината во која починал пак, нема ознака, што значи дека таа е точно позната за историјата.

На македонски поимот „цирка“ („ц.“) може да се замени со кратенките о. („околу“), прибл. („приближно“), како и со знакот „~“, кој е математички знак за приближност.

Поврзано

уреди