Baltasar Cars е шпански производител на електрични спортски автомобили со седиште во Барселона, кој работи од 2011 година.

Историја

уреди

Компанијата Baltasar Cars е основана во 2011 година во Барселона од шпанскиот тркачки возач на електрична Формула [1] и инженер и претприемач Батасар Лопез.[2] Стартапот го добил своето име по името на основачот и се фокусирале на развојот на патни, целосно електрични спортски автомобили.[3] Почнувајќи од годината на основање, во следната деценија, инженерите на Балтасар биле фокусирани на работа на нивниот прв модел на автомобил, развиен од нула до форма подготвен за продажба.

Претставувањето на првото возило Baltasar Cars се одржало 10 години по основање на компанијата, во втората половина на април 2021 година. Baltasar Revolt бил автомобил со две седишта, без прозорци, рационализирана силуета и целосно на електричен погон.[4]

Baltasar Cars планирале производство со мал обем на Revolt, земајќи ги предвид преференциите на индивидуалните клиенти, почнувајќи со првите испораки на готовите автомобили во средината на 2022 година.[5] Цената по примерок е одредена на 230.000 евра.[5]

Модели на автомобили

уреди
  • Baltasar Revolt

Наводи

уреди
  1. „Interview with our founder, engineer Baltasar López“ (англиски). Посетено на 2021-08-27.
  2. „Baltasar previews "ready to market" electric supercar ahead of April launch“ (англиски). Посетено на 2021-08-27.
  3. „Baltasar - about“ (англиски). Посетено на 2021-08-27.
  4. „Baltasar Revolt Debuts As Lightweight Electric Track Toy With RWD“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-08-27. Посетено на 2021-08-27.
  5. 5,0 5,1 „Baltasar Revolt Silna motywacja“ (полски). Посетено на 2021-08-27.