Auto da fe (книга на Еуџенио Монтале)

Auto da fé - збирка есеи на италијанскиот писател Еуџенио Монтале од 1966 година.

Содржина

уреди

Книгата ги содржи следниве есеи и уметнички критики:[1]

  • Фашизмот и книжевноста
  • Желба
  • Тркало на среќата
  • Силни и слаби гласови
  • Уметноста на претставата
  • Зборовите и музиката
  • Машина на славата
  • Бегство од времето
  • Естетички суд
  • Отворени дела
  • Уметност за сите
  • Блескава судбина
  • Немаме од што да се плашиме, но...
  • Алеаторична музика

За збирката

уреди

По неговата преселба во Фиренца, Монтале почнал интензивно да се занимава со книжевна критика. Исто така, по преслебата во Милано, во 1948 година, Монтале започнал да пишува книжевна и музичка критика за познатиот весник „Кориере дела сера“.[2] Од неговиот критичко-есеистички опус се истакнува книгата „Auto da fe“ (1966) во која се собрани статиите објавени во разни весници и списанија меѓу 1946 и 1966 година.[3] Како критичар, Монтале не бил на нивото на неговата поезија, што се должи на оптовареноста со идеализмот на Кроче (кого го читал во младоста), како и на конзервативните општествено-политички убедувања и традиционалистичките културни ставови. Оттука, според Фортини, од есеистот и критичар Монтале не може да се објасни како станала онаа смела и трагична поезија што ја напишал тој, зашто многу од ставовите искажани во есеите драстично отстапуваат од современите мислења. Сепак, во нив, Монтале дава многу поучни забелешки од теориски карактер.[4]

Наводи

уреди
  1. Eugenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979.
  2. Serđo Tukoni, „Euđenio Montale“, во: Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 165.
  3. Serđo Tukoni, „Euđenio Montale“, во: Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 169.
  4. Serđo Tukoni, „Euđenio Montale“, во: Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 170.