Arty — независен британски уметнички фанзин започнат од уметничкот Кејти Ломакс во 2001 година. Ломакс е и уредник. Arty е за љубителите на уметноста напишана од самите уметници и објавена од одделот за изданија на „Transition Gallery“, просторот управуван од уметници во источен Лондон.[1]

Историја

уреди

Arty било основано во 2001 година во Лондон од Кејти Ломакс. Се издавало двапати годишно и се продавало низ Обединетото Кралство,[2] вклучувајќи ги „Tate Modern“, “Tate Britain' и Институтот за современи уметности во Лондон.

Фрустрирана од можностите за новите уметници да ги искажат своите мислења и грижи и вхахновени од зин културата, уметничкот Кејти Ломакс го започнала „Arty“ како противлек за суво, критичарско пишување за уметноста. Првите 20 броја биле фотокопирани и хевтани, а во нив биле прикажувани содржини предводени од еклектичен уметник, вклучувајќи рецензии за современа уметност и бројни ексклузивни цртежи од над 30[1] истакнати и нови уметници од целиот свет. Темите на минатите изданија вклучувале забава, момчиња, девојки, книги, природа, азбука, скандал, наши идоли, етикети и рецензии во Лондон.[3]

Од бројот 21[4] големината на списанието се зголемило и секој број вклучувало избрана боја. Неодамнешни соработници биле Џесика Вурсанџер, Сара Дојл, Рејчел Кетл и Гавин Тој.

„Arty“ ги претставувала цртежите и уметноста на британската уметничка Стела Вајн од 2003 година.[5] Во ноември 2002 година, Вајн исто така придонела со цртеж на плик, „Untitled“ (2002), во компилационата книга „Arty Greatest Hits“[1] Во зимата 2003 година, Вајн придонела за цртање на бројот 13 на „Arty“, во кој на уметниците им било дадено писмо со азбуката и побарала да се направи цртеж поврзан со дадената буква. Цртежот на било „E is for Eggs“, претставувајќи ја уметничката Сара Лукас со пржени јајца на нејзината маица. Вајн придонела за цртежот „Joe eating hash cakes“ (2004) на „Arty 16: Boys“.[6]

Во 2008 година, Вајн била еден од 20-те поканети уметници[7] да создадат тарот карта за „Entertainment“, 24-то издание на „Arty“.[8] Вајн придонела со акрилна слика на хартија наречена „The Tower“ за нејзината тарот карта.

„Arty 25: Fame“[9] било објавено во март 2009 година. Во него се појавуваат Џесика Вурсанџер, Хари Пај, Гавин Тој, Сара Дојл, Ким Ел Пејс, Кејти Ломакс, Грејс Морган и Каролина Кејсис.

Во 2002 година, Arty бил опишан од новинарот Дејв Калун во списанието „Dazed & Confused“ како „фанзин напишан од уметници за уметност - од сите облици и големини“.[10]

Аrty учествувал на првото „Publish and Be Damned“[11] во Лондон во 2004 година и учествувал во сите последователни изданија.

Алтеја Гринан, виш библиотекар на Колеџот Голдсмитт, Лондон, го опишал „Arty“ како „ниско буџетен“, но „самоуверен“ и „остро релевантен“. Како соработници биле вклучени: Џаспер Џофи, Стела Вајн, Кејти Пилкингтон, Хари Пај, Кејти Ломакс и Џесика Вурсанџер.

Збирк

уреди

Книга што ја раскажува раната историја на списанието, „Arty Greatest Hits“, била објавена во 2004 година.[12] Книгата ги составила најдобрите написи и цртежи од првите 16 броеви, како и вклучувала нови дела направени особено на темата „Greatest Hits“.[1] Написите вклучувале прегледи на изложбата на Трејси Емин во галеријата „White Cube“ и размислувања за уметничкото дуо Гилберт и Џорџ. Стела Вајн придонела за цртежот „Joe eating hash cakes“ (2004 година) на „Arty Greatest Hits“.[12]

Белешки и наоди

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Rosemary Shirley. „Arty: Greatest Hits « a-n The Artists Information Company“. A-n.co.uk. Архивирано од изворникот на 2012-02-14. Посетено на 28 јануари 2021.
  2. „Arty Stockists“. Artymagazine.com. Посетено на 28 јануари 2021.
  3. „Arty - all the issues“. Artymagazine.com. Посетено на 28 јануари 2021.
  4. „Arty 21“. Arty Magazine. Посетено на 28 јануари 2021.
  5. „Arty 13“. Artymagazine.com. Посетено на 28 јануари 2021.
  6. „Arty 16“. Artymagazine.com. Посетено на 28 јануари 2021.
  7. Cathy Lomax. „Cathy Lomax's Whitstable Biennial blog « a-n The Artists Information Company“. A-n.co.uk. Архивирано од изворникот на 2012-03-22. Посетено на 28 јануари 2021.
  8. „Arty 24“. Artymagazine.com. Посетено на 28 јануари 2021.
  9. „Arty 25: Fame“. Artymagazine.com. Посетено на 28 јануари 2021.
  10. Calhoun, Dave "Arty Magazine", Dazed and Confused magazine, 2002. Посетено на 28 јануари 2021.
  11. „Publish and Be Damned“. Publishandbedamned.org.uk. Архивирано од изворникот на 2015-11-27. Посетено на 28 јануари 2021.
  12. 12,0 12,1 [1] Архивирано на 8 јули 2008.

Надворешни врски

уреди