Охридска плашица

(Пренасочено од Alburnus scoranza)
Охридска плашица
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Actinopterygii
Ред: Cypriniformes
Семејство: Cyprinidae
Род: Alburnus
Вид: A. ohridanus
Научен назив
A. ohridanus

Охридска плашица (Alburnus scoranza, Heckel&Kner, 1857- Bleak) — ендемска слатководна риба што живее во Охридско Езеро.

Опис и градба

уреди

Охридската плашица, од другите видови риби од родот Alburnus кои живеат во јадранскиот слив,се разликува по следниве одлики: аналниот отвор се наоѓа под или веднаш зад основата на последните разгранетите грбни зраци; 47-53 + 2 лушпи на странична линија; 13-14½ разгранети анални зраци; 17-22 жабрени лакови; вентралeн гребен на телото кој зафаќа најмалку 2/3 од должината од аналниот отвор до основата на карличната перка; пекторалната перка не ја достигнува основата на карличната перка; нема латерални темни линии;

Охридската плашица достигнува големина до 158 мм.[2]

Живеалиште и распространетост

уреди

Охридската плашица живее во сливовите на Скадарско Езеро и Охридско Езеро и реката Црн Дрим(Црна Гора, Албанија и Македонија).

Живее во езерата и во езерските притоки. Се мрести на езерските брегови или мигрира кон притоките за да се измрестиво поплитки води.

Размножување

уреди

Во средината на месец мај, кога температурата на водата на површината, во литоралната зона на брегот, е 20 или повеќе Целзиусови степени, на дното се појавуваат кладофори и други видови алги. Тие се наоѓаат особено во тињесто дно и на скриени места, а помалку на чакал, на длабочина од 0-3 м. Кладофорите интензивно се развиваат над дното, на длабочина од 10-40 см. формирајќи густа покривка од алги. Над покривката од алгите, се наоѓаат многу репродуктивно зрели циприниди, меѓу кои доминантна е плашицата. Плашицата може да се разликува по големиот број на заоблени црно-маслинести епителни конвекси кои пак исчезнуваат по оплодувањето.

Периодот на мрестење на плашицата започнува во втората половина на мај и трае до средината на август. Репродуктивно зрелите единки се групираат во групи од риби, од само неколку, до десет најмногу, од кои само една или две се женки. Женките се подолги од машките единки. По оплодувањето, јајцата паѓаат во растителноста каде се лепат на густите колонии, каде што процесот на асимилација се изведува интензивно со ослободување на кислород. Јајцата се развиваат над колониите, на растојание од дното, каде се одвива интензивниот процес на распаѓање. Јајцата се стабилизираат против силните бранови и се движат заедно со колониите на кладофората и други алги. Во некои случаи, групи од риби може да се најдат во песочното дно за време на периодот на мрестење, но плашицата припаѓа на фитофилната еколошка група.

Оплодените јајца на плашицата се лепат на растителноста заради тенкиот леплив слој кој го имаат околу надворешната мембрана. Надворешната мембрана е тенка и транспарентна. По оплодувањето на јајцето, надворешниот слој се дели од вителусот, формирајќи го перивителинскиот простор. Во овој период од процесот пречникот на јајцето е 1,43 мм, а виталусот е 1,1 мм. Виталусот е кружен и жолт, сместен во средината на надворешната мембрана. Има жолта пигментација и одреден број на ситни капки.

На висока температура на водата (18-20 °C) оплодените јајца се развиваат побрзо и процесот на соголување и гаструлација завршува во текот на првиот ден по оплодувањето.

Растот на плашицата

уреди

Од фазата на ларва, растот на плашицата до крупна единка е следен:

  • Зголемување на главата ...2,65 мм;
  • Зголемување на трупот ... 3,50 мм;
  • Зголемување на опашката ...0,80 мм;
  • Зголемување на висината...1,08 мм;

Наводи

уреди
  1. Freyhof, J. & Kottelat, M. (2008). Alburnus scoranza. The IUCN Red List of Threatened Species. IUCN. 2008: e.T135595A4156215. doi:10.2305/IUCN.UK.2008.RLTS.T135595A4156215.en. Посетено на 13 January 2018.
  2. Točko M. 1987 Development and nutrition of the young cyprinids of Lake Ohrid part I- Special Edition 3 Hydrobiological Institute - Ohrid Развиток и исхрана на младиците на ципринидите од Охридското Езеро