Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Airalo е продавница за eSIM-картички. На патниците им обезбедува eSIM-картички за над 200 земји и региони низ светот, давајќи им моментален пристап до интернет во странство. Според податоците од 31 март 2024 година, апликацијата Airalo има над 10 милиони корисници и е достапна на App Store и Google Play Store на 53 јазици.[1][2][3][4][5][6]

Airalo eSIM
Трговско име
AirGSM Pte. Ltd.
Видприватна
Дејносттелекомуникации, патување
Основано2019 г.
ОсновачиАбрахам Бурак, Бахадир Оздемир
Седиште
САД
Опслужувани подрачја
цел свет
Услугителекомуникации
Вработени
над 200 (2024 г.)
Мреж. местоhttps://www.airalo.com/mk

Историја

уреди

Airalo е новооснована компанија со седиште во САД, основана во 2019 година од Абрахам Бурак и Бахадир Оздемир. Нивната цел е да им овозможат пристап на патниците до моментално глобално поврзување по прифатлива цена преку технологијата за eSIM.[7][8]

Абрахам и Бахадир се дигитални номади и претприемачи, што значи дека и самите се соочиле со ограничувањата на поврзувањето при патување. Технологијата за eSIM претставува можност да се обезбеди поприфатлива и подостапна алтернатива за патниците.

Во 2019 година, Airalo обезбеди 1,9 милиони долари како почетен капитал од Antler и од фондот за почетен капитал Surge во сопственост на Sequoia Capital India.[9] Во 2021 година обезбеди финансирање од 5 милиони долари од Серија А,[9][10] а во 2023 година, 60 милиони долари во рундата за финансирање од Серија Б. e& Capital, огранокот за вложувачки капитал на e& (подобро познат како операторот Etisalat со седиште во ОАЕ) ја предводеше рундата, а учествуваа и „генераторот“ за новоосновани компании Antler Elevate, Liberty Global, Rakuten Capital, Singtel Innov8, Surge (фондот за рана фаза предводен од Peak XV, претходно познат како Sequoia Capital India и SEA), Orange, T Capital (огранокот за вложувачки капитал на Deutsche Telecom), KPN Ventures, Telefónica Ventures и I2BF Global Ventures.[11][12][13][14][1][2][5][7]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Muzoriwa, Kudakwashe (2023-08-02). „Airalo raises $60m in fundraising round led by e& Capital“ (англиски). Посетено на 2024-04-22.
  2. 2,0 2,1 Lunden, Ingrid (2023-07-31). „Airalo locks in $60M to expand its eSIM-based global roaming 'marketplace'. TechCrunch (англиски). Посетено на 2024-04-22.
  3. „UAE's e& leads $60 million funding round for Airalo's eSIM marketplace - Edge Middle East“. Edge Middle East (англиски). 2023-08-02. Посетено на 2024-04-22.
  4. Yow, Daphne (2023-08-02). „eSIM platform Airalo raises US$60 million in Series B funding“. The Business Times (англиски). Посетено на 2024-04-22.
  5. 5,0 5,1 „Airalo eSIM marketplace raises USD 60 mln in new funding round“. www.telecompaper.com. 2023-08-02. Посетено на 2024-04-22.
  6. Sharma, Shubham (2019-10-11). „Airalo is world's first eSIM store and here's how it plans to change the telecommunication industry forever“. Silicon Canals (англиски). Посетено на 2024-04-22.
  7. 7,0 7,1 Hoon, Yeoh Siew (2023-08-21). „A minute of silence for the physical SIM card, please“. WiT (англиски). Посетено на 2024-04-22.
  8. Cordon, Miguel (2019-10-09). „Sequoia Capital reveals 20 startups in second Surge cohort“. www.techinasia.com (англиски). Посетено на 2024-04-22.
  9. 9,0 9,1 Sri, Deepti (2021-10-11). „Rakuten, Sequoia, and more pour $5.4m into traveltech firm“. www.techinasia.com (англиски). Посетено на 2024-04-22.
  10. Morris, Anne (2021-10-13). „Wayra buys into eSIM startup Airalo“. TelcoTitans.com (англиски). Посетено на 2024-04-22.
  11. „People thought we were crazy to invest in Airalo during the pandemic…They just raised a $60M Series B“. www.wayra.uk. 2023-08-08. Посетено на 2024-04-22.
  12. „Airalo Raises $60M in Series B Financing“. FinSMEs (англиски). 2023-08-01. Посетено на 2024-04-22.
  13. „Airalo Secures $60 Million To Expand Its eSIM-Based Global Roaming Marketplace“. Tech Company News (англиски). 2023-08-01. Посетено на 2024-04-22.
  14. „Airalo, a company in GO Ventures' portfolio, raises $60 million in Series B financing -“. www.independent.com.mt. The Malta Independent. Посетено на 2024-04-22.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Airalo