38М Толди
Лесен тенк 38М Толди е унгарски лесен тенк од Втората светска војна.
Лесен тенк 38М Толди | |
---|---|
Тип | лесен тенк оклопно борбено возило |
Потекло | Кралство Унгарија |
Тех. особености (typical) |
Историја
уредиПрототип
уредиВо текот на 30-тите години унгарскиот инженер Миклош Штрауслер (1891-1966), кој во текот на војната работел за Велика Британија, го дизајнирал во соработка со фабриката Вајс Манфред (WM) од Будимпешта прототиповите на танкетата В-3 (1933) и лесниот тенк В-4 (1936), но унгарската војска во 1936 година купила еден шведски тенк Л-60 и после тестирањето се одлучила за сериско произведување на овие возила.[1]
Производство
уредиВо 1937 година купена е лиценцата за производство од шветската фабрика Landverk и новиот тенк е наречен 38М Толди. Првата тура од 80 возила нарачана е во фабриката MAWAG и Ganz, но производството одело сосема бавно, така да до септември 1940 година направени се 45 парчиња, кога се преминало на понапредна верзија на 38М Толди II. Тенкот се покажал недоверлив на долга оддалеченост во текот на Операцијата Барбароса, а во ноември 1941 година кога унгарскиот моторизиран корпус се вратил од фронтот, одлучено е да се прекине понатамошното произведување на лесни тенкови, а 80 тенкови Толди I и Толди Ii да се наоружаат со топ со калибар 40мм и да се унапредат во Толди IIа.[1]
Особености
уреди38М Толди бил унапредена верзија на шведскиот тенк Л-60, со унгарски мотор и несреќно изберена против – тенковска апушка 36М со калибар 20мм (со 208 метци) како главно оружје и со впрегнат митралез од 8мм. Верзијата Толди II се разликувала само во деталите. Врз основа на искуството од Источниот фронт, 1941 година дизајниран е Толди IIа, со фронтален оклоп зголемен за 35 мм и подолга купола наоружана со топот 42М со калибар 40 мм (со 55 метци) и со впрегнат митралез[1]
Во борбата
уредиКраток поход од 1941 година покажал дека 38М Толди е истовремено недоверлив (особено моторот), слабо наоружан и недоволно оклоплен. Нивните главни противници биле Т-26 и БТ тенковите, лесно опклопени но наоружани со топови од 37-45 мм. Во времето кога бил спреман Толди IIа (1943), тој веќе бил застарен,[1] бидејќи подоброто наоружување не можело да го надомести недостатокот на заштита, сега кога главните противници му биле Т-34. Од средината на 1942 година унгарските механизирани единици биле опремени со чешки тенкови Панцер 38(т), и после советската противофанзива во јануари 1943 година преостанатите Толди биле повлечени во позадината до крајот на 1944 година кога настрадале во одбраната на Унгарија. Единствените преживеани возина можат да се видат во Рускиот музеј Кубинка.[2]
Наводии
уредиЛитература
уреди- Ness, Leland (2002). Jane's-World War II Tanks And Fighting Vehicles-The Complete Guide. London: HarperCollinsPublishers. стр. 121. ISBN 978-000711228-9.