Отворено првенство на Австралија (2010)

(Пренасочено од 2010 Аустралијан Опен)

Австралија Опен 2010 беше тениски турнир, кој се одржа во Мелбурн Парк во Мелбурн, Австралија, од 18 јануари до 31 јануари. Тоа беше 98-мото издание на Отвореното првенство на Австралија и прв Гренд Слем во годината.

Австралијан Опен 2010
Датум:  
Издание:   98мо
Категорија:   Гренд Слем (ИТФ)
Локација:   Мелбурн, Викторија, Австралија
Шампиони
Мажи поединечно
Швајцарија Роџер Федерер
Жени поединечно
САД Серена Вилијамс
Мажи двојки
САД Боб Брајан / САД Мајк Брајан
Жени двојки
САД Серена Вилијамс / САД Венус Вилијамс
Мешано Дабл
Кара Блек / Индија Леандер Паез
Австралијан Опен
 < 2009 2011 > 

Во поединечна конкуренција, Рафаел Надал и Серена Вилијамс ги бранеа титулите. Вилијамс успеа да ја одбрани со победата над Жастин Енин со 6–4, 3–6, 6–2 во финалето[1] додека Надал се предаде во четвртфиналето против Енди Мареј поради повреда со коленото. Роџер Федерер стана нов шампион, победувајќи го Енди Мареј со 6–3, 6–4, 7–6 (11).[2]

Во Дабл, победниците од 2009 беа успешни во одбранувањето на титулата – Боб Брајан и Мајк Брајан во мажи дабл и Серена и Венус Вилијамс во жени дабл. Саниа Мирза и Махеш Бупати не успеаја во одбранувањето на титулата тие се откажаа од турнирот. Во мешани двојки победници беа , Кара Блек и Леандер Паез.

Наводи

уреди
  1. Robin Scott (30 јануари 2010). „Australian Open 2010 Tennis: Serena Williams is Women's Champion“. The Global Herald. 24 Hour Trading. Архивирано од изворникот на 2010-02-01. Посетено на 2010-01-30.
  2. Roger Federer beats Andy Murray to win Australian Open, BBC Sport, 31 јануари 2010.

Надворешни врски

уреди

Поврзано

уреди