„1945“ — унгарски филм од 2017 година, во режија на Ференц Терек (Ferenc Török), кој е автор и на сценариото, заедно со Габор Т. Санто (Gábor T. Szántó). Главните улоги ги играат: Петер Рудолф (Péter Rudolf), Бенце Ташнади (Bence Tasnádi) и Тамаш Сабо Кимел (Tamás Szabó Kimmel).[1]

Синопсис уреди

На 12 август 1945 година, во 11 часот наутро, двајца непознати луѓе, облечени во црно, се појавуваат на железничката станица во едно унгарско село. Со себе, тие носат сандаци и молкум нинуваат низ селото. Нивната појава веднаш предизвикува немир кај селаните, особено кај нотарот и неговите блиски соработници кои за време на Втората светска војна ги поткажале своите соседи-Евреи и така им го презеле имотот. Двајцата непознати одат на еврејските гробишта каде ги закопуваат личните предмети кои останале од нивните блиски. На влезот на гробиштата, нив ги чекаат селаните, кои се собрани со намера да ги истепа туѓинците, но се повлекуваат откако ја дознаваат нивната намера. Потоа, двајцата Евреи го напуштаат селото и се враќаат на железничката станица, а заедно со нив, во возот се наоѓа и синот на нотарот, кој е решен да го напушти семејниот дом.

Наводи уреди