1941 (Коле Неделковски)

„1941“ — песна на македонскиот поет Коле Неделковски, дел од поетската збирка „Пеш по светот“, објавена во 1941 година, во Софија. Се претпоставува дека таа е една од последните песни на Неделковски (заедно со „Глас од Македонија“) и дека е напишана меѓу април и август 1941 година.[1]

Осврт кон поемата

уреди

Во „1941“, Неделковски се навраќа кон судбината на својот народ во деновите на неговата најнова окупација. Во неа, како ниеден тогашен македонски поет, тој успеал да го изрази големото значење на оваа година како судбинска пресвртна точка во македонската историја. Притоа, тој не укажува, не предупредува, туку отворено ја отфрла горчливата вистина, порачувајќи: „Ете, о свете, погледај — идат / тирани нови крв да ти пијат“. Но, исто така, тој отворено ја изнесува вистината за неизбежноста на новиот борбен поход: „тирани в борба за да си згазиш“.[2] Песната е протест против фашистичката окупација, против „крвниците клети“ кои ја „расејаа смртта“ низ светот, но и осуда против оние кои зборувале за „ослободување“ на македонскиот народ: „Викнале, пиштат со сиот печат / За кого сега радост да готват?“ Но, поетот е убеден дека „ослободителите“ нема да ги излажат народот, кој ќе се крене против окупаторот за „тирани в борба за да си згазиш“.[3]

Наводи

уреди
  1. Тодор Димитровски, „Коле Неделковски (1912 — 1941)“, во: Коле Неделковски, Песни. Македонска книга, Скопје, 1967, стр. 10.
  2. Димитар Митрев, „Лириката на Коле Неделковски“, во: Коле Неделковски, Стихови. Кочо Рацин, Скопје, 1958, стр. 21.
  3. Тодор Димитровски, „Коле Неделковски (1912 — 1941)“, во: Коле Неделковски, Песни. Македонска книга, Скопје, 1967, стр. 10-11.