Паднат астронаут

(Пренасочено од „Паднат астронаут“)

Паднатиот астронаут е алуминиумска скулптура со должина од 8.5 сантиметри во форма на астронаут во вселенски костум. Ги симболизира астронаутите кои загинале во вселенските истражувања. Била поставена на 1 август 1971 година од страна на екипажот на Аполо 15, на местото викано Хадли Риј.

Скулптурата

Историја на скулптурата

уреди

Скулптурата била создадена од белгискиот артист Пол Ван Хојдонк, кој го сретнал астронаутот Дејвид Скот на вечера. Ван Хојдонк бил замолен да создаде мала статуетка која би ги симболизирала астронаутите и космонаутите кои ги загубиле своите животи во име на вселенското истражување. Но, Ван Хојдонк имал ограничувања. За физичките потреби таа требала да биде лесна и силна за да може да ја издржи екстремната температура на месечината, не требало да е маж или жена или пак да ја прикажува некоја етничка група. Така во согласност со желбите на Скот, името на Ван Хојдонк не требало да се спомене во јавноста.

Споменати на скулптурата

уреди

На 1 август 1971, паднатиот астронаут бил поставен на месечината од екипажот на Аполо 15, заедно со плоча на која биле испишани имињата на осум американски астронаути и шест советски космонаути кои загинале:

  • Теодор Фриман (31 октомври 1964, авионска несреќа)
  • Чарлс Басет (28 февруари 1966, авионска несреќа)
  • Елиот Си (28 февруари 1966, авионска несреќа)
  • Гас Грисом (27 јануари 1967, пожар на Аполо 1)
  • Роџер Шафи (27 јануари 1967, пожар на Аполо 1)
  • Едвард Вајт (27 јануари 1967, пожар на Аполо 1)
  • Владимир Комаров (24 април 1967, проблем со падобранот на Сојуз 1)
  • Едвард Гивенс (6 јуни 1967, автомобилска несреќа)
  • Клифтон Вилијамс (5 октомври 1967, авионска несреќа)
  • Јури Гагарин (27 март 1968, авионска несреќа)
  • Павел Белјајев (10 јануари 1970, болест)
  • Георги Доброволски (30 јуни 1971, проблем со притисокот на Сојуз 11)
  • Виктор Пацајев (30 јуни 1971, проблем со притисокот на Сојуз 11)
  • Владислав Волков (30 јуни 1971, проблем со притисокот на Сојуз 11)

Командирот на мисијата Аполо 15, Дејвид Скот, забележува дека „тажно, но, две имиња недостигаат (на плочата), имињата на Валентин Бондаренко и Григори Нељубов“. Скот објаснува дека поради тајноста на советската вселенска програма во тоа време, никој не бил свесен за нивната смрт. Исто така не се на плочата и двајцата астронаути на УСАФ кои загинале во 1967, Мајкл Џејмс Адамс кој загинал во авионска несреќа на Х15 и Роберт Хенри Лоренц, Џуниор, првиот афроамерикански астронаут во вселената и кој исто учествувал во МОЛ програмата (Manned Orbiting Laboratory), но загинал во несреќа при тренинг. Имињата на двата астронаути се испишани на споменикот вселенско огледало (Space Mirror Memorial).

Последици

уреди

Кога екипажот ја спомна статуетката за време на својата прес конференција по слетувањето, Националниот воздушен и вселенски музеј побарал да биде направена копија за јавноста. Екипажот се согласил, но под услов да биде изложена „со добар вкус и без јавност“. На 17 април 1972, кога се лансирал Аполо 16, дупликатот бил даден на Институтот Смитсониан, веднаш по објавувањето од страна на водителот на ЦБС Волтер Кронкит за постоењето на „паднатиот астронаут“ и плочата како прва уметност на месечината. Денес е изложен дупликат на плочата во зградата на Националниот музеј во крилото - трка во вселената, галерија 114. Во мај 1972, Дејвид Скот дознал дека Ван Хојдонк планирал да направи повеќе дупликати и да ги продава. Бидејќи знаел дека е кршење на договорот, Скот се обидувал да го убеди Ван Хојдонк да се воздржи. Во јули 1972 во магазинот Арт ин америка (Art in America) се објавила реклама на цела страна за 950 дупликати на „паднатиот астронаут“ потпишани од вајарот за продажба во Вадел галеријата во Њујорк по цена од 750 долари за парче, второ издание за пониска посебна цена како и каталошко издание со цена од 5 долари. По негативните коментари од НАСА за планираната продажба, Ван Хојдонк се повлекол и не се продал ниту еден. Во едно писмо од септември 2007, Пол Ван Хојдонк напишал дека биле направени само 50 копии и дека повеќето се кај него, непотпишани. Со исклучок на една копија, Ван Хојдонк кажува дека никогаш не продал ниту една статуетка, иако му биле нудени пари. Ван Хојдонк се присетува на различни околности кои довеле до создавањето на артифактот. Според едно интервју во белгискиот весник Ле Суар (Le Soir), статуата требало да го претставува целото човештво а не само паднати астронаути и космонаути. Исто изјавил и дека не знае дека статуата би се искористила за спомен на „паднатите“ вселенски херои.